Продолжуваат битките на украинскиот фронт, но и нападите со беспилотни летала. Претседателот Зеленски изјави дека за брз крај на војната, неопходно е да се воведат целосни санкции кон Москва, но и да се обезбедат силни безбедносни гаранции за Киев.
-
Свет 10.02.2025 09:30
-
Свет 10.02.2025 09:14
Косовскиот премиер Курти, прогласи победа на парламентарните избори
Движењето „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти освои најмногу гласови на парламентарните избори во Косово. Според податоците на Централната изборна комисија, на второто место по бројот на освоени гласови е Демократската партија на Косово, а Демократскиот сојуз е трет.
-
Свет 10.02.2025 08:34
Трамп не отстапува од идејата за преземање на Газа
Американскиот претседател останува посветен на планот да ја преземе сопственоста на Газа.
-
Свет 10.02.2025 08:28
Курти прогласи победа, но ќе мора да коалицира за да формира влада
Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти освои најмногу од гласовите на парламентарни избори во Косово. На второто место е Демократската партија на Косово, а Демократскиот сојуз на Косово е трет по освоени гласови.
-
Свет 09.02.2025 18:07
Европската екстремна десница со критики до Брисел и пофалби до Трамп
Во Мадрид, собир на влијателниот блок во Европскиот парламент – „Патриоти за Европа“.
-
Свет 09.02.2025 17:46
Први редовни парламентарни избори во Косово
Косово гласа. Повеќе од два милиони граѓани, вклучувајќи ја дијаспората ќе гласаат за 120 пратеници, а битката се води меѓу 28 политички субјекти. 20 места се резервирани за малцинските заедници, од кои 10 за српските претставници.
-
Свет 09.02.2025 15:19
100 дена од трагедијата во Нови Сад, протестите во Србија продолжуваат
Денеска навршија 100 дена од трагедијата во Нови Сад и падот на настрешницата, кога загинаа 15 луѓе. Нови протести низ Србија. Под слоганот – ја газиме Газела зашто вие ја згазивте правдата, белградските студенти седум часа го блокираа мостот кај Сава Центар.
-
Свет 09.02.2025 11:34
Европската екстремна десница на собир во Мадрид го поздрави враќањето на Трамп
Лидерите на екстремно десничарските партии од третиот најголем блок во Европскиот парламент, Патриоти за Европа, на собир во Мадрид што се одржа под слоганот „Да ја направиме Европа повторно голема“, го поздравија враќањето на Доналд Трамп.
-
Свет 09.02.2025 10:49
Парламентарни избори во Косово
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места.
-
Свет 09.02.2025 10:38
Трамп телефонски разговарал со Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина.










