Палестинската милитантна група Хамас му ги предаде двајцата израелски заложници Јарден Бибас и Офер Калдерон на Црвениот крст во Кан Јунис, во Појасот Газа.
Според најавите, третиот заложник се очекува да биде ослободен подоцна на друга локација.
Палестинската милитантна група Хамас му ги предаде двајцата израелски заложници Јарден Бибас и Офер Калдерон на Црвениот крст во Кан Јунис, во Појасот Газа.
Според најавите, третиот заложник се очекува да биде ослободен подоцна на друга локација.
Уште една авионска несреќа во САД. Авион за итна медицинска помош се урна во Филаделфија, паѓајќи врз станбен блок, каде објектите се запалиле.
Двајца лекари беа повредени во Нови Сад на протест за поддршка на студентите, кога автомобил помина низ толпата и удри во нив. Тој е задржан во притвор поради обид за тешко убиство.
Новоименуваниот сириски претседател, Ахмед ал Шара, вчера изјави дека ќе формира инклузивна преодна влада која ќе ги претставува различните заедници, ќе гради институции и ќе управува со земјата додека не се одржат слободни и фер избори.
Врховниот суд на Јужна Кореја одобри шефот на разузнавачката агенција и советникот за национална безбедност да сведочат во процесот за импичмент на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јеол, изјави денеска портпаролот на судот.
Шпански научници открија нов вирус кој го пренесуваат комарците – вирусот Синдбис, кој не е фатален, но предизвикува симптоми како треска, главоболка и болки во зглобовите и исип на кожата.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони синоќа, на прес-конференција во Милано, се осврна на истрагата на обвинителот против неа за проневера и помагање на незаконски чин, поврзан со апсењето и екстрадицијата во Либија на шефот на судската полиција во Триполи, Нисем Озама Алмасри.
Алармантен инцидент се случил во полициско училиште во Романија, кога таванот од спалната соба се срушил врз ученик додека се подготвувал за спиење, пренесуваат медиумите во регионот.
Младиот човек не се здобил со сериозни повреди.
Продолжуваат блокадите и инцидентите во Белград. Пред Институтот за ментално здравје со возило „голф“ намерно со додавање на гас беа удрени две докторки, кои се во стабилна состојба, а полицијата го приведе возачот.
Хамас ги објави имињата на тројцата заложници кои треба да им бидат предадени утре на израелските власти.