Американскиот претседател Трамп предлага Појасот Газа да биде под американска контрола, а Палестинците трајно да се преселат во соседните земји.
-
Свет 05.02.2025 12:09
-
Свет 05.02.2025 12:01
Нов земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди Санторини
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во 11 часот и 35 минути во областа Санторини.
-
Свет 05.02.2025 09:37
Газа да биде под контрола на САД, Палестинците да се преселат- предлага Трамп
Американскиот претседател предлага Појасот Газа да биде под американска контрола, да го преземат управувањето, да го развијат економски и да го претворат во блискоисточна ривиера населена со луѓе од светот.
-
Свет 05.02.2025 08:41
Поради земјотреси масовно напуштање на Санторини
Околу 11.000 луѓе го напуштиле Санторини со траекти и авиони за да се засолнат на безбедно. Во последните неколку дена на популарниот туристички остров се регистрирани стотици земјотреси на секои неколку минути. Властите решија да ги затворат училиштата до петок.
-
Свет 05.02.2025 08:36
Зеленски со услов за преговори со Путин
Украинската армија објави дека воздухопловните сили го нападнале командното место на Русија во областа Курск. Од друга страна, Москва порачува дека ООН мора силно да одговорат на нападот од вооружените сили на Украина на автобус со деца во областа Запорожје.
-
Свет 05.02.2025 08:34
Десетмина загинати во вооружен напад во Шведска
Најмалку 10 лица се убиени, а неколкумина ранети во пукање во училиште за возрасни, сместено во кампус во градот Оребро, централна Шведска.
Полицијата потврди дека напаѓачот е меѓу загинатите. Според првичните наводи, мажот дејствувал сам. Се истражуваат мотивите.
-
Свет 05.02.2025 08:30
Средба Трамп-Нетанјаху
Средба Трамп-Нетанјаху во Белата Куќа. Американскиот претседател предложи трајно преселување на Палестинците од Газа во соседните земји.
-
Свет 04.02.2025 21:18
4.000 осуденици во Холандија се на слобода бидејќи нема место во затворите
Повеќе од 4.000 осуденици во Холандија не се испратени на издржување на казната дома бидејќи нема доволно простор во затворите, објави денеска холандскиот портал EenVandaag.
Како што е наведено, сторителите во 1.158 кривични случаи во кои се вмешани жртви сè уште се на слобода.
-
Свет 04.02.2025 20:15
Почина еден од најценетите автори во регионот, новинарот и публицист Теофил Панчиќ
Новинарот, писател и публицист Теофил Панчиќ, еден од најценетите автори во регионот, почина во Нови Сад на 60-годишна возраст, објави денеска редакцијата на неделникот „Време“, во кој Панчиќ беше литературен критичар, колумнист и уредник на културната рубрика.
-
Свет 04.02.2025 19:15
Најмалку петмина загинаа во бунт во затвор во Таџикистан
Најмалку пет затвореници се убиени во бунт што избувна во затвор во градот Вахдат, 20 километри источно од главниот град Душанбе, Таџикистан, а тројца затворски службеници се повредени, соопштија два извори од безбедносните агенции.









