Конфликтите на Блискиот Исток не престануваат. Израелските воздухопловни сили известија за напад во близина на Дамаск, на мета-разузнавачките служби на Хезболах.
-
Свет 05.11.2024 08:47
-
Свет 05.11.2024 08:44
Зеленски: Во Курскиот регион распоредени 11.000 севернокорејски трупи
Русија изврши еден од најжестоките напади врз Украина, додека копнените трупи ја продолжуваат борбата за Покровск. Зазедоа уште едно село во Доњецката област. Притисокот врз Киев расте. Путин најави дека неговите сили ќе го исчистат рускиот пограничен регион Курск од непријателот.
-
Свет 05.11.2024 08:26
Властите во Шпанија издадоа предупредувања од поплави и повикаа на претпазливост
Шпанската југоисточна провинција Аликанте зафатена од обилни дождови. Властите издадоа предупредувања од поплави и повикаа на претпазливост. Во Каталонија црвениот аларм и натаму во сила, откако аеродромот Ел Парт во Барселона остана под вода и привремено беа откажани десетици летови.
-
Свет 05.11.2024 08:19
Српскиот претседател Вучиќ побара референдум за негово разрешување
Српскиот претседател Вучиќ ѝ предложи на опозицијата, доколку сака, во српското Собрание да побара референдум за негово разрешување откако оцени дека на протестите по железничката несреќа во Нови Сад всушност се бара неговата глава.
-
Свет 05.11.2024 08:17
Американците го бираат новиот челник на Белата куќа
Ден-Д за САД, Американците го бираат новиот челник на Белата куќа. Секој глас, клучен во обликување на иднината на нацијата и политиката на земјата. Кампањата завршена, пораките пренесени. Харис и Трамп со надеж дека успеале да ги придобијат неопределените гласачи во клучните колебливи држави.
-
Свет 04.11.2024 19:23
Весиќ најави оставка од функцијата
Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ најави дека утре ќе поднесе оставка, по несреќата на Железничката станица во Нови Сад кога загинаа 14 лица, а тројца се тешко повредени.
-
Свет 04.11.2024 18:29
Се бара одговорност за несреќата во Нови Сад
Трет ден на жалост во Нови Сад. Атмосферата пред самата железничка станица и воопшто во Нови Сад е многу тешка, луѓето се огорчени, жалосни се. Се гледа тага кај нив, но и гнев и бараат одговор-како можеше тоа да се случи?!
-
Свет 04.11.2024 17:55
Маја Санду прогласи победа на претседателските избори во Молдавија
Проевропската актуелна претседателка Маја Санду издвои тесна победа во вториот круг од изборите во Молдавија над нејзиниот проруски ривал, Александр Стојаногло. Не дозволивме да не клекнат на колена-изјави актуелната претседателка во првичното обраќање до јавноста.
-
Свет 04.11.2024 17:31
Изборната трка во САД влегува во финиш
Соединетите Американски Држави одбројуваат. За еден ден ќе се знае кого Американците избрале за станар на Белата куќа во следните четири години. Трката и натаму е неизвесна. Секој го брани својот фаворит. И демократите и републиканците велат дека победуваат во повеќето клучни држави.
-
Свет 04.11.2024 14:21
Трет ден жалост за загинатите во несреќата во Нови Сад
Состојбата на повредените сѐ уште критична, истрагата отворена, се бара одговорност по трагедијата со падот на натстрешницата во Нови Сад.
Владата уверува кривична одговорност ќе има, граѓани на протест бараат оставки.
Оливер Бранковиќ известува од Нови Сад









