Претседателот Александар Вучиќ во вечерашното обраќање до јавноста изјави дека во трагедијата во Нови Сад, кога се урна настрешницата на главната железничка станица, загинале 14 лица, дека еден од загинатите е државјанин на Северна Македонија, а идентитетот на пет лица сè уште не е утврден.
-
Свет 01.11.2024 20:59
-
Свет 01.11.2024 18:25
Харис и Трамп меѓу победата и поразот
Шест од десеттемина Американци стравуваат од изборна измама, откако Трамп со години тврди дека на последните во 2020-та нема загубено. Марк Кук повеќе од година и половина патува низ Американските држави обидувајќи да ги докаже неправилностите на изборниот систем.
-
Свет 01.11.2024 17:30
Се урна настрешница во Нови Сад, има загинати и повредени
Повредени при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Екипите на итната помош и пожарникарите се на терен, а вклучени се багери, бидејќи под неа се заробени две лица, од кои едното е 14-годишно девојче.
-
Свет 01.11.2024 13:49
Се урна дел од настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
На влезот на железничката станица во Нови Сад се урнал дел од настрешницата, пренесува РТС. Стаклената тераса на Железничката станица во Нови Сад денеска околу 12 часот паднала над влезната врата на зградата на станицата.
-
Свет 01.11.2024 12:20
Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија
Расте црниот биланс на жртви во поплавите во Шпанија. Бројот на исчезнати и натаму не е утврден, спасувачките напори продолжуваат. Помошта по копно, море и од воздух се зајакнува, а уште 500 војници од единицата за итни случаи се приклучија на терен. Се обновуваат услугите за вода и струја.
-
Свет 01.11.2024 09:24
Продолжува притисокот на руските сили на украинскиот фронт
Притисокот на руските сили продолжува на украинскиот фронт. Киев јавува за соборени дронови и крстаречки ракети, возвраќајќи со удари на руско тло. Москва соопшти дека гори нафтена рафинерија во Ставрополскиот регион.
-
Свет 01.11.2024 08:12
Последни денови пред изборите на 5-ти ноември
Трамп и Харис ги водат последните часови од кампањата во битка за неопределени гласови. Се организираат последните митинзи пред Американците да излезат на гласање на 5-ти ноември за новиот шеф на Белата куќа.
-
Свет 01.11.2024 08:11
Тензиите високи, примирјето неизфвесно
Тензиите на Блискиот Исток остануваат високи, додека секојдневно расте бројот на жртви во израелските напади во Газа, јужен Либан и погранична Сирија. Северот на Израел пак, станува се почеста мета на проиранските групи.
-
Свет 01.11.2024 08:10
Два земјотреси кај Врање
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Врање.
Според информациите од Српскиот сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран околу 01 часот и 50 минути, на длабочина од 13 километри.
-
Свет 01.11.2024 08:09
Расте бројот на жртви од поплавите во Шпанија
Над 150 жртви во поплавите во Шпанија. Бројот на исчезнати и натаму не е утврден, спасувачките напори продолжуваат. Помошта по копно, море и воздух се зајакнува, уште 500 војници од единицата за итни случаи се приклучуваат на терен. Се работи на обновување на услугите за вода и струја.










