„Тогаш кога целиот свет слави, мора да покажеме дека во Србија нема причина за славење, не пред правдата“, порачаа студентите на белградските факултети што ги организираат протестите на својата Инстаграм страница и повикаа на протест во пресрет на Новата година.
-
Свет 28.12.2024 18:46
-
Свет 28.12.2024 12:44
Сиријците се враќаат во опустошени домови
Еуфоријата од падот на сирискиот претседател Башар Ал Асад полека спласнува. На виделина излегуваат предизвиците со кои се соочува земјата по повеќе од една деценија крвавата граѓанска војна.
-
Свет 28.12.2024 12:00
Во Хрватска предизборен молк во пресрет на претседателските избори
Предизборен молк во Хрватска во пресрет на утрешното гласање. На осмите претседателски избори учествуваат осум кандидати. Фаворит е актуелниот шеф на државата, Зоран Милановиќ кој бара нов петгодишен мандат. Тој е кандидат на опозициската социјалдемократска партија.
-
Свет 28.12.2024 11:36
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на мировни преговори за Украина
Словачка потврди дека се согласила да биде домаќин на евентуални мировни преговори за Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин претходно оцени дека е „прифатливо“ таа да стане „платформа“ за дијалог.
-
Свет 28.12.2024 09:34
Кирби: Има индиции дека Русија е одговорна за авионската несреќа во Азербејџан
Има индиции дека Русија е можеби одговорна за падот на азербејџанскиот авион над Казахстан, вели портпаролот на Белата куќа Џон Кирби. Авионот бил цел на руските системи за противвоздушна одбрана при обид да слета во Чеченија, но бил пренасочен кон Казахстан, каде што се случила несреќата.
-
Свет 27.12.2024 20:03
Силен земјотрес ги погоди Курилските острови
Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилските острови, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт (EMSC).
-
Свет 27.12.2024 19:43
Германскиот претседател го распушти Бундестагот и закажа избори на 23-ти февруари
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска одлучи да го распушти Бундестагот и го одреди 23 февруари како ден за одржување предвремени парламентарни избори.
-
Свет 27.12.2024 17:12
Светот стравува од нова ескалација на Блискиот Исток
Хутите презедоа одговорност за ноќниот балистички ракетен напад врз Израел. Проектилот бил пресретнат, милиони луѓе беа испратени во засолништа.
-
Свет 27.12.2024 12:50
Путин ја прифаќа понудата на Словачка да биде домаќин на можните мировни преговори меѓу Москва и Киев
Средбата Фицо-Путин во Кремљ со поконкретни резултати. Се изнедри словачкиот предлог, Братислава понуди земјата да биде платформа за мировните преговори, шефот на Кремљ прифати, Зеленски веќе ја критикуваше Словачка за неиспорачување оружје и за пријателски однос кон Русија.
-
Свет 27.12.2024 12:23
Штајнмаер го распушти Бундестагот, парламентарни избори во Германија на 23 февруари
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер нареди распуштање на парламентот и закажување нови избори за 23-ти февруари, по падот на владината коалиција на канцеларот Олаф Шолц.










