САД, Канада и Европа се соочуваат со нов бран шумски пожари. Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, а над 20 илјади луѓе се евакуирани поради повеќе од 100 пожари, од кои речиси половина се надвор од контрола.
-
Свет 09.08.2026 11:08
-
Свет 08.08.2026 19:03
Сушата „Ел Нињо“ и војните - закана за храната
Зачестени и долги топлотни удари со енормно високи температури, непрегледни суши, пеколни шумски пожари и силни бури – климатскиот колапс испраќа застрашувачки, но јасен сигнал – границата веќе е премината. Дополнителен предизвик е и метеоролошкиот феномен „Ел Нињо“.
-
Свет 08.08.2026 18:32
Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат
Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат. Додека Вашингтон најавува можен скорешен крај на војната со Иран, Техеран тврди дека американската дипломатија не успеала. Во напад на Хутите врз саудискиот регион Наџран се повредени 11 цивили.
-
Свет 08.08.2026 15:26
Мигрантската криза ги затегна односите меѓу Рим и Мадрид
Шпанија со контраодговор кон Италија – воведе гранични контроли за патниците кои пристигнуваат од оваа земја, дополнително продлабочувајќи го спорот меѓу двете земји околу миграцијата.
-
Свет 08.08.2026 10:46
Шпанија воведува гранични контроли кон Италија
Шпанија воведува гранични контроли кон Италија, дополнително продлабочувајќи го спорот меѓу двете земји околу миграцијата.
-
Свет 08.08.2026 10:03
Зеленски во прва официјална посета на Србија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белград, во прва официјална посета на Србија, каде се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Европскиот пат на двете земји, унапредувањето на економската соработка и безбедносните прашања се во фокусот на разговорите.
-
Свет 07.08.2026 19:46
Инаугурацијата на новиот претседател на Колумбија ќе се случи во Кали, наместо во главниот град Богота
Под силни безбедносни мерки, Колумбија се подготвува за инаугурација на новоизбраниот претседател Абелардо де ла Есприела во Кали, наместо во главниот град Богота.
Властите распоредија полиција и војска поради најавени протести на поддржувачи на досегашниот претседател, Густаво Петро.
-
Свет 07.08.2026 16:48
Масакр во училиште во Тајланд: 14-годишник уби ученици и наставници, па си го одзеде животот
Училишниот ден во Тајланд се претвори во трагедија. Наместо часови и детска врева, во средно училиште во близина на Бангкок одекнаа истрели.
-
Свет 07.08.2026 16:07
Стотици демонстранти се судрија со полицијата пред Конгресот во Буенос Аирес
Стотици демонстранти се судрија со полицијата пред Конгресот во Буенос Аирес, додека Сенатот расправа за реформа на сопственоста на земјиштето. Полицијата употреби водени топови, додека граѓаните протестираат против измените кои, според нив, ќе ја олеснат продажбата на земјиште.
-
Свет 07.08.2026 14:52
Јапонија: Евакуација на жители поради тајфунот Делфин
Околу 260 илјади жители во југозападна Јапонија добија наредба за евакуација поради тајфунот Делфин, кој донесе ветрови со брзина до 200 километри на час. Три лица се повредени, а над 500 летови се откажани.










