Израелскиот премиер Нетанјаху поставува пречки на патот на преговорите за прекин на огнот во Газа, соопшти палестинската милитантна група Хамас.
-
Свет 09.07.2024 08:37
-
Свет 09.07.2024 08:37
Реакции по смртоносниот напад врз Киев
Обединетите нации и САД го осудија последниот напад на Русија врз Украина врз детската болница во Киев и неколку градови низ земјата. Во најсмртоносното гранатирање во изминатите неколку месеци загинаа над 30 цивили.
-
Свет 08.07.2024 20:51
Во Киев е прогласен ден на жалост
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го прогласи 9-ти јули за ден на жалост по смртоносните напади на главниот град.
Сите знамиња ќе бидат спуштени на половина копје на институционалните згради низ градот, објави тој на Телеграм, а сите забавни настани се откажани.
-
Свет 08.07.2024 15:22
Земјотрес од 5,5 степени според Рихтер на границата меѓу Панама и Костарика
Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на границата меѓу Панама и Костарика, соопшти Германскиот истражувачки центар за геофизика.
Земјотресот, како што наведуваат од центарот, бил на длабочина од 10 километри.
-
Свет 08.07.2024 11:32
Орбан ја пофали иницијативата на Кина
По патувањето во Русија и Украина, унгарскиот премиер Виктор Орбан, во Пекинг на средба со претседателот Кси Џинпинг.
Орбан ја пофали иницијативата на Кина за постигнување мир и го опиша Пекинг како стабилизирачка сила во услови на глобални турбуленции.
-
Свет 08.07.2024 11:24
Нов напад врз Газа, десетици загинати
Десетици загинати цивили во нов напад врз Газа. Колони израелски тенкови и натаму се во центарот на градот.
-
Свет 08.07.2024 09:57
Изненадување на изборите во Франција
Французите приредија изненадување од урните, добитната тројка на институтите за испитување на јавното мислење се покажа неточна. Се случи мобилизација на гласачите, особено на симпатизерите на левицата.
-
Свет 08.07.2024 09:51
НАТО Самит во време на светски предизвици
Во време на промени на политичката слика во Европа и претстојните избори во САД, НАТО Самит во Вашингтон. Главните сојузници, Франција, Германија и Велика Британија се соочија изминатиов период со политички пресврт и сосема поинаков поглед кон иднината.
-
Свет 08.07.2024 09:12
Русија: Уништeни два системи за противвоздушна одбрана Патриот во Одеса
Москва соопшти дека руската армија ја презела контролата врз стратешкиот град Чигари во Доњецк.
-
Свет 08.07.2024 09:08
Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив за да се вратат заложниците кои ги држи Хамас
Илјадници луѓе протестираа во Тел Авив, повикувајќи го премиерот Нетанјаху да поттикне договор за прекин на огнот што би можел да ги врати заложниците кои ги држи Хамас.










