Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е полесно повреден во сообраќајна несреќа, која се случила околу 17 часот на патот од Бар кон Улцињ.
Ѓека е префрлен за помош во Итната помош во Улцињ.
Министерот за човекови и малцински права на Црна Гора, Фатмир Ѓека е полесно повреден во сообраќајна несреќа, која се случила околу 17 часот на патот од Бар кон Улцињ.
Ѓека е префрлен за помош во Итната помош во Улцињ.
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека се вратил на работа во вторникот, речиси два месеци откако беше ранет од напаѓач.
Фицо (59) беше застрелан на 15-ти мај во град во централна Словачка и беше подложен на две операции.
Во Украина ден на жалост по синоќешните руски ракетирања врз Киев во кои беше погодена детска болница и загинаа над 40 луѓе. Урнатините се расчистуваат, реакциите не стивнуваат. Советот за безбедност на состанок. Кремљ негира вмешаност.
Басманскиот Окружен суд во Москва денеска издаде налог за апсење во отсуство на Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, поради нејзината наводна вмешаност во екстремистичка заедница.
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди грчкиот остров Родос.
Земјотресот е регистриран во 12.11 часот по локално време на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Нема опасност од цунами.
Најмалку шест лица загинаа во тропската бура „Берил“ во југоисточниот дел на американската сојузна држава Тексас. Повеќе од 2,7 милиони потрошувачи останаа без струја.
Шефот на Белата куќа не покажал никакви симптоми на Паркинсонова болест, објасни неговиот лекар по извештаите дека специјалист го посетил претседателот неколку пати во изминатата година.
Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо-Џонг ѝ се закани на Јужна Кореја поради воените вежби со боево гаѓање во близина на нејзините копнени и поморски граници. Ким Јо-Џонг вели дека Сеул ќе се соочи до страшна катастрофа.
Шефот на мисијата на ООН за поддршка на мултинационалната безбедност на Хаити, ја потврди посветеноста на мисијата да го спречи насилството на бандите и да обезбеди демократски избори. Стотици неодамна распоредени кениски полицајци, работат на ослабување на контролата на бандите.
Во писмо до демократите во Конгресот, американскиот претседател Џо Бајден цврсто се спротивстави на повиците да ја повлече кандидатурата за втор мандат и повика на прекин на внатрепартиската драма.