Три деца, меѓу кои и 10-месечно бебе, загинаа во пожар во дом, во австралискиот град Сиднеј. Полицијата се сомнева за можно убиство.
-
Свет 07.07.2024 12:24
-
Свет 07.07.2024 11:31
Протести во Израел на 9 месеци од војната со Хамас
Девет месечнината од војната во Газа, Израел ја минува во знак на протести. Над илјада црно-жолти балони го прекрија небото на југот од земјата. Демонстрантите бараат итни избори и ослободување на заложниците.
-
Свет 07.07.2024 09:41
Втор круг од парламентарните избори во Франција
Во Франција се одржува вториот круг од парламентарните избори. Се гласа за 501 од 577 места во Националното собрание, долниот и најважен дом на францускиот парламент.
-
Свет 06.07.2024 20:05
Силен земјотрес во Грција
Силен земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер, го потресоа југозападниот дел на Грција, во близина на островот Закинтос.
Земјотресот бил почувствуван и на островот Лефкада, како и во околните градови Патра и Каламата.
Засега нема пријави за жртви или материјална штета.
-
Свет 06.07.2024 19:13
Пукање во САД, 4 лица убиени
Најмалку четири лица се убиени, а уште тројца се борат за живот по масовното пукање во Кентаки. Како што јавуваат светските медиуми, пукањето се случило во 3 часот по полноќ.
Осомничениот за масовното пукање побегнал од местото, а бил фатен откако со автомобилот влетал во канал.
-
Свет 06.07.2024 16:11
Од 10-ти јули поскапа патарината во Србија
Во Србија од 10-ти јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија.
Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.
-
Свет 06.07.2024 12:21
Бајден не планира да се повлече од претседателската трка
Американскиот претседател Бајден категоричен дека ќе ја трча претседателската трка и нема да се откаже од нов мандат, откако некои демократи побараа тој да ја повлече кандидатурата по неговата дебата против републиканецот Трамп.
-
Свет 06.07.2024 12:17
Реформистот Пезешкијан победи на изборите во Иран
Реформистичкиот кандидат Масуд Пезешкијан победи на претседателските избори во Иран, освојувајќи 53,7 насто од гласовите во вториот круг од гласањето, наспроти неговиот конзервативен ривал Саид Џалили кој доби 44,3 насто.
-
Свет 06.07.2024 12:15
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
Хамас го прифати американскиот предлог за почеток на преговори за ослободување на израелските заложници, вклучително и војници и мажи, 16 дена по првата фаза од договорот чија цел е да се стави крај на војната во Газа-вели извор од Хамас.
-
Свет 06.07.2024 11:40
Денеска прва седница на новата британска влада на Кир Стармер
Прва седница на новата влада на Британија по историската победа на лабуристите. Премиерот Стармер, кој претходно во својот говор вети сериозни промени и обнова на земјата, и официјално почна со работа. Додека конзервативците закрепнуваат од поразот, лабуристите ги чека трнлив пат.










