Страшна трагедија изутрина го разбуди Нови Сад. Шестчлено семејство, четири деца на возраст од две до седум години и нивните родители, загинаа во пожар во нивната семејна куќа.
-
Свет 23.08.2024 12:16
-
Свет 23.08.2024 09:37
Шест жртви во пожар во семејна куќа во Нови Сад, меѓу нив четири деца
Шестчлено семејство загинаа во пожар во семејна куќа во Нови Сад. Меѓу нив се четири деца.
Според првичните информации, пожарот најверојатно избувнал од електричен велосипед кој бил на полнач. Полицијата врши истрага која треба да ги даде одговорите за точната причина за трагедијата.
-
Свет 23.08.2024 09:28
Пожар во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон
Најмалку седум жртви и12 повредени во пожар што избувна во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон.
-
Свет 23.08.2024 09:22
Харис вети дека ќе исцрта нов пат за Американците
Камала Харис вети дека ќе исцрта нов пат за иднината на Американците додека официјално ја прифати демократската номинација за претседател на САД на последниот ден од Конвенцијата на партијата во Чикаго.
-
Свет 23.08.2024 08:41
Воздушни напади наспроти мировни преговори во Газа
Израел нападна бегалски кампови каде наводно се кријат борци на Хамас, во нападите има жртви. Продолжи и жестокото гранатирање преку израелско-либанската граница, додека се интензивиират рациите на Западниот Брег. Во истовреме, посредниците преговараат за примирје.
-
Свет 23.08.2024 08:31
Русите притискаат во Покровск, Украинците во Курск
Руската војска притиска во насока Покровск-потврди Киев, соопштувајќи дека презеле контрола врз уште едно село во руската област Курск. Зеленски изјави дека операцијата е фер нагласувајќи дека ја испраќа војната таму од каде што ја донела Русија.
-
Свет 22.08.2024 20:59
Потопен брод што превезувал гориво
Пожар денеска избувна во пристаништето Кавказ во јужна Русија, откако Украина гаѓаше брод што превезувал гориво, соопштија локалните власти.
Бродот претрпел големи оштетувања и на крајот потонал. Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 100 луѓе.
-
Свет 22.08.2024 20:32
Шефот на ЦИА во посета на Косово
Шефот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс денеска во Приштина имаше кратка средба со косовската претседателка Вјоса Османи, на која беше и шефот на Косовската разузнавачка агенција Петрит Ајети, пренесуваат регионалните агенции.
-
Свет 22.08.2024 19:52
Камала Харис вечерва и официјално ќе ја прифати претседателската номинација
За време на завршната вечер на демократската национална конвенција во Чикаго, актуелната потпретседателка на САД, Камала Харис, вечерва треба и официјално да ја прифати претседателската номинација од Демократската партија за кандидатка на претседателските избори во ноември.
-
Свет 22.08.2024 18:48
Зеленски: Војната ја враќаме таму од каде што дојде
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека операцијата во руската област Курск е апсолутно чесна и дека Украина ја враќа војната „таму од каде што дојде“.








