Француските сили ќе останат во Нова Каледонија колку што е потребно, рече претседателот Емануел Макрон при посетата на територијата на Тихиот Океан.
-
Свет 23.05.2024 09:24
-
Свет 23.05.2024 09:16
ОН гласаат за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница
Седница на Генералното собрание на Обединетите нации. Единствена точка е расправата и гласањето за Резолуцијата за наводен геноцид во Сребреница.
Доколку Резолуцијата се изгласа со просто мнозинство Србија и Србите ќе бидат прогласени за геноциден народ.
-
Свет 23.05.2024 09:12
Кина започна обемни вежби околу Тајван
Кина почна дводневни воени вежби околу Тајван како казна за, како што ги нарече, сепаратистичките дела при одржувањето на изборите и инаугурацијата на новиот претседател.
-
Свет 22.05.2024 17:41
Критика за одлуката на Меѓународниот кривичен суд
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пред законодавците во Конгресот, рече дека барањето на Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги загрозува надежите за прекин на огнот во Газа.
-
Свет 22.05.2024 11:49
Русија почна вежби со тактичко нуклеарно оружје
Русија почна вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, за кои што велат дека се одговор на западните закани. Маневрите се одвиваат во Јужниот воен округ, кој се наоѓа во близина на Украина и ги опфаќа украинските области анектирани од Москва. На фронтот жестоки битки.
-
Свет 22.05.2024 11:11
Норвешка, Ирска и Шпанија најавија признавање на независноста на Палестина
Норвешка, Ирска и Шпанија објавија дека на 28-ми мај и официјално ќе ја признаат независната палестинска држава. Според нив, решението за две држави е гарант за долгорочен мир во регионот.
-
Свет 22.05.2024 10:52
Десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат почит на Ебрахим Раиси
Десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат почит на загинатиот ирански претседател.
Раиси и уште седум лица настрадаа во хеликоптерска несреќа, меѓу жртвите беше и шефот на иранската дипломатија. Во земјата е прогласена петдневна жалост.
-
Свет 22.05.2024 09:47
Жестоки борби на украинскиот фронт
Русија почна вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, како одговор на западните закани. Маневрите се одвиваат во Јужниот воен округ, кој се наоѓа во близина на Украина и ги опфаќа украинските области анектирани од Москва. На фронтот во Украина жестоки битки.
-
Свет 22.05.2024 09:03
Евакуацијата на странските државјани од француската територија Нова Каледонија
Продолжува евакуацијата на странските државјани од француската територија Нова Каледонија каде е прогласена 12-дневна вонредна состојба.
Во последните немири предизвикани поради разговорите во Париз за можни измени на избирачките списоци, шест лица се убиени, а стотици повредени.
-
Свет 22.05.2024 09:00
Бура го зафати средниот запад на САД
Моќна бура го зафати средниот запад на САД, предизвикувајќи повеќе торнада. Опустошен е мал град во Ајова.










