За 28 јуни се закажани вонредни избори во Иран по загинувањето на претседателот Раиси. До крајот на изборите оваа должност ќе ја извршува досегашниот прв потпретседател, Мохамад Мохбер.
-
Свет 21.05.2024 08:44
-
Свет 21.05.2024 08:42
Не стивнуваат реакциите по барањата за апсење за Нетанјаху и лидерите на Хамас
Не стивнуваат реакциите откако главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд побара налози за апсење на израелскиот премиер Нетанјаху, министерот за одбрана Галант, како и тројца лидери на Хамас.
-
Свет 20.05.2024 14:54
Меѓународниот суд бара налози за апсење на Нетанјаху и водачот на Хамас
Меѓународниот кривичен суд дека бара налози за апсење на шефот на Хамас, Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по обвинувањата за воени злосторства и злосторства против човештвото во војната во Газа.
-
Свет 20.05.2024 12:25
Петдневна жалост по смртта на иранскиот претседател
Знамињата во Иран на половина копје. Претседателот Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и нивната придружба загинаа во хеликоптерска несреќа.
-
Свет 20.05.2024 10:33
Жртви и повредени во руски напад врз областа Харков
Жртви и повредени во руски напад врз областа Харков. Украинскиот претседател Зеленски вели дека силите обезбедиле посилни позиции и ефикасно ги уништуваат руските противници. Повторно ги повика западните сојузници да испратат дополнителни системи за воздушна одбрана.
-
Свет 20.05.2024 10:09
Британскиот суд денеска треба да донесе одлука за екстрадицијата на Асанж во САД
Британскиот суд денеска треба да донесе конечна одлука за тоа дали основачот на Викиликс, Џулијан Асанж треба да биде екстрадиран во Соединетите држави поради протекувањето на мноштво доверливи американски документи, што кулминираше 13 години правни битки и притвор.
-
Свет 20.05.2024 09:18
Новиот претседател на Тајван побара Кина да престане да се заканува
Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, побара од Кина да престане да се заканува. Во инаугуративниот говор рече дека мирот е единствениот начин и оти Пекинг мора да го почитува изборот на тајванскиот народ.
-
Свет 20.05.2024 09:13
Напаѓачот на Фицо можеби не дејствувал сам, вели словачки министер
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат. Според словачкиот министерот за внатрешни работи, постои сомнение дека напаѓачот кој повеќекратно го застрела Фицо, можеби не дејствувал сам.
-
Свет 20.05.2024 09:05
Напади врз бегалски кампови во Газа
Не мирува состојбата на Блискиот Исток. Напади врз бегалските кампови Нусејрат и Џабалија, како и врз градот Газа. Има жртви и повредени.
-
Свет 20.05.2024 08:53
Иранскиот претседател загина во хеликоптерска несреќа
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран. Леталото се урнало додека минувале планински терен во густа магла, потврди иранскиот потпретседател.










