Демонстрации во Грузија. Полицијата се обиде да го растера собирот пред Парламентот пред состанокот на Правната комисија за расправата за законот за странско влијание. Владејачката партија вели дека предлог-законот е неопходен за да се спречи, штетното странско влијание.
-
Свет 13.05.2024 08:29
-
Свет 13.05.2024 08:27
Жестоки битки во Харков и Доњецк
Украинскиот претседател вели дека Армијата на земјата се соочува со тешка ситуација. Силите претрпеле најмногу жртви во судирите над стратешкиот град Часов Јар и блиските села во Доњецк.
-
Свет 13.05.2024 08:21
Путин го смени министерот за одбрана Шојгу
Рускиот претседател Путин го смени Сергеј Шојгу од функцијата министер за одбрана и го назначи за секретар на Советот за национална безбедност. На негово место доаѓа Андреј Белоусов.
-
Свет 13.05.2024 08:18
Блинкен: Израел постапуваше неконзистентно
Израел постапуваше неконзистентно со обврските што произлегуваат од меѓународното хуманитарно право, вели американскиот државен секретар Блинкен. Според него, големата израелска офанзива во Рафах би предизвикала хаос и анархија без елиминирање на Хамас.
-
Свет 12.05.2024 13:59
Голем пожар во трговски центар во Варшава
Голем пожар избувна во трговски центар во Варшава. Од огнот е зафатен над 80 проценти од објектот каде што се сместени 1.400 продавници.
Властите преку СМС пораки ги предупредија жителите на полската престолнина да останат затворени во своите домови и да не ги отвораат прозорците.
-
Свет 12.05.2024 12:34
Продолжуваат борбите меѓу Израел и Хамас
Црн чад се издига над Газа. Продолжуваат борбите меѓу израелските трупи и борците на Хамас. Од палестинските цивили се бара да заминат во засолништа во западниот дел на енклавата.
-
Свет 12.05.2024 10:32
Жестоки битки во Харков, критично е и во Доњецк
Жестоки борби се водат во регионот на Харков. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинските сили продолжуваат со одбранбените операции околу северните погранични населби.
-
Свет 12.05.2024 09:46
Мишел: Израел да го почитува меѓународното хуманитарно право и да не презема копнена операција во Рафах
Наредбите за евакуација на цивилите заглавени во Рафах во небезбедни зони се неприфатливи, порача претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел. Ја повика израелската влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и да не презема копнена операција во Рафах.
-
Свет 11.05.2024 20:15
Во пресрет на изборите, европските челници бараат гласачите да ја заштитат демократијата
Претседателите на Германија, Италија и Австрија, Штајнмаер, Матарела и Ван дер Белен ги повикаа гласачите на европските избори во јуни да ја заштитат демократијата и нејзините вредности.
-
Свет 11.05.2024 12:05
Изгласана резолуцијата за подобрување на статусот на Палестинците во ООН
Со огромно мнозинство во Генералното собрание изгласана резолуцијата за подобрување на статусот на Палестинците во Обединетите нации, вклучително и полноправно членство на Палестина во светската организација. За резолуцијата гласаа 143 држави, девет беа против, меѓу нив се САД и Израел.










