• Свет 08.04.2024 19:42

    Војна со дронови на руско- украинската граница

    Војната со беспилотни летала продолжи на руско-украинската граница. Москва бара осуда за нападот со дрон врз нуклеарната централа Запорожје.

    Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека нуклеарната безбедност не е загрозена. Зеленски бара системи за противвоздушна одбрана.

  • Свет 08.04.2024 19:18

    Продолжува потрага по телото на малата Данка

    Продолжи потрагата по телото на 2-годишната Данка Илиќ. Осомничените и натаму не кажуваат каде е. На распит и мајкта на еден од осомничените, откако претходно беа приведени таткото и братот.

  • Свет 08.04.2024 18:46

    Израелската војска се прегрупира откако се повлече од Кан Јунис

    Израелската војска се повлече од Кан Јунис. Врши прегрупирање за идните операции. Не отстапуваат од елиминација на последното упориште на Хамас во Рафах. ООН загрижени.

    Египетските медиуми јавија за напредок во преговорите за прекин на огнот.

  • Свет 08.04.2024 13:42

    Директорот на Водовод во Бор од морални причини си поднесе оставка

    Директорот на Водовод во Бор од морални причини си поднесе оставка, додека потрагата по телото на 2-годишната Данка продолжи на нова локација. Судија на претходна постапка од одреди 30 дена притвор и за таткото на осомничениот за убиството на Данка Илиќ.

  • Свет 08.04.2024 09:50

    ФАА отвори истрага откако отпадна капак од мотор на авион „Боинг 737-800“ на полетување

    Капак на моторот на авион „Боинг 737-800“ на компанијата „Саутвест Ерлајнс“ (Southwest Airlines) во неделата за време на полетувањето од аеродромот во Денвер падна и удри во крилото. Поради овој инцидент, Федералната управа за авијација отвори истрага.

  • Свет 08.04.2024 09:23

    Напредок во преговорите за примирје во Газа

    Израелската војска објави дека завршила клучна фаза од копнената офанзива во Појасот Газа. Силите се повлекоа од Кан Јунис. Палестинците кои го напуштија градот од почетокот на офанзивата се надеваа дека ќе можат да се вратат во своите домови, но најдоа град во урнатини.

  • Свет 08.04.2024 09:18

    Денеска се очекува целосно затемнување на Сонцето

    Голем број училишта во северниот дел на Њујорк ја откажаа наставата поради очекуваното целосно затемнување на Сонцето. Официјално образложение за ваквата одлука е сообраќајниот метеж што ќе настане поради затемнувањето.

  • Свет 08.04.2024 09:02

    Силен земјотрес го погоди Тајван

    Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван, јавува ЕМСЦ.

    Земјотресот е регистриран во 13 часот и 9 минути по локално време. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

  • Свет 08.04.2024 08:51

    Сеул лансираше уште еден шпионски сателит

    Јужна Кореја лансираше втор воен шпионски сателит во вселената, неколку дена откако Северна Кореја го потврди својот план да истрела повеќе сателити за извидување оваа година.

  • Свет 08.04.2024 08:39

    Продолжува битката со беспилотни летала во Украина

    Војната со беспилотни летала продолжи на двете страни, на руско-украинската граница. Москва вели дека светската заедница треба да го осуди нападот со дрон врз нуклеарната централа Запорожје.

Pages