Шумскиот пожар во Северна Калифорнија продолжува да се шири. Локалните власти прогласија вонредна состојба и наредија итна евакуација на најмалку 13.000 луѓе од погодената област.
Одобрено е федерално финансирање за борбата со огнената стихија.
Шумскиот пожар во Северна Калифорнија продолжува да се шири. Локалните власти прогласија вонредна состојба и наредија итна евакуација на најмалку 13.000 луѓе од погодената област.
Одобрено е федерално финансирање за борбата со огнената стихија.
Ситуацијата во Појасот Газа не мирува. Израелската армија изврши повеќе воздушни напади низ палестинската енклава. Продолжува размената на оган на границата меѓу Либан и Израел.
49 милиони луѓе од Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска гласаат за новиот парламентарен состав. Новата влада ќе мора да се справи со финансиската криза, миграцијата и инфлацијата предизвикани од војната во Украина.
Петмина загинати и над 50 повредени во вчерашниот руски ракетен напад на Днепар – потврдија украинските власти. Претседателот Зеленски побара од Западот посовремени системи за воздушна одбрана и ракети со долг дострел.
Поради шумскиот пожар во Северна Калифорнија кој продолжува да се шири, локалните власти прогласија вонредна состојба и наредија итна евакуација на најмалку 13.000 луѓе од погодената област, додека се очекуваат уште денови со многу високи температури.
Продолжува политичката криза во Бугарија. Народно собрание ја отфрли номинацијата на Росен Жељазков за премиер. Против неговата кандидатура гласаа 138 пратеници, а за беа 98 пратеници од коалицијата ГЕРБ-СДС и 30 народни избраници на ДПС.
Граѓаните на Велика Британија утре гласаат за новиот парламентарен состав. Според експерти, исходот би можел да биде историски. Предизборните анкети укажуваат на пораз на конзервативците, кои се на власт 14 години, и триумф на британската Лабуристичка партија.
Со новиот, шести економски и инвестициски фонд од 1,2 милијарди евра за Западен Балкан, ЕУ ќе финансира осум проекти за водоснабдување и канализација, третман на отпадни води, железнички сообраќај и зелена трансформација на малите и средни претпријатија.
Изрекувањето на пресудата за поранешниот претседател Доналд Трамп за случајот со прекривање пари и фалсификување деловни досиеја е одложена најмалку до септември.
Пентагон најави дополнителни 2,3 милијарди долари безбедносна помош за Украина. Пакетот вклучува противтенковско оружје, пресретнувачи и муниција за Патриот и други системи за противвоздушна одбрана.