Војната на Блискиот Исток влезе во седмиот месец. Израелската војска соопшти дека ги повлекла силите од Кан Јунис во јужна Газа, завршувајќи клучна фаза во копнената офанзива. Ова го доведува присуството на израелските трупи на територијата на едно од најниските нивоа од почетокот на војната.
-
Свет 08.04.2024 08:34
-
Свет 08.04.2024 08:30
Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка
Продолжува потрагата по телото на двегодишната Данка. Српската полиција го пребарува целиот просто покрај Злотска Река и Лазарева пештера. Осомничените за убиството на Данка беа уапсени на 4 април. Делото е оквалификувано како тешко убиство извршено на свиреп начин.
-
Свет 07.04.2024 17:06
Украина соборила 17 руски дронови
Украинските сили собориле 17 беспилотни летала камикази, лансирани од Русија. Напад со балистички проектил и врз Одеса. Има жртви, повредени и уништена инфраструктра. Воздушна тревога била издадена во различни области.
-
Свет 07.04.2024 13:34
Вучиќ најави дека ќе се разгледа прашањето за повторно воведување на смртна казна
Српскиот претседател Вучиќ, коментирајќи го убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ од Бор, рече дека ќе ѝ предложи на новата влада да ги разгледа сите прашања и препораки на Советот на Европа за повторното воведување смртна казна за најтешките кривични дела.
-
Свет 07.04.2024 11:17
Преговори за примирје во Газа, на фронтот продолжуваат битките
Војната на Блискиот Исток меѓу Израел и Хамас бележи шест месеци. Светот станува се понетрпелив поради бавното темпо на израелската офанзива и големиот данок што го плаќа народот на Газа. Израелскиот премиер Нетанјаху вети дека ќе ја продолжи битката против Хамас.
-
Свет 07.04.2024 10:48
Пелегрини победи на претседателските избори во Словачка
Кандидатот поддржан од владејачката коалиција Петер Пелегрини победи во вториот круг од претседателските избори во Словачка со 53,12 насто од гласовите.
-
Свет 07.04.2024 10:11
Нови преговори за прекин на огнот во Газа
Во Египет нови преговори за евентуален прекин на огнот во Газа. Се очекува на состанокот на израелскиот воен кабинет да се разговара дали да се испрати делегација во Каиро. Претходно Хамас се согласи да испрати делегација на нова рунда преговори.
-
Свет 07.04.2024 09:41
Жртви и повредени во руски напад врз Одеса
Руската армија изврши балистички напад врз Одеса. Има жртви, повредени и уништена инфраструктура. Предупредување за воздушен напад издадено во различни области.
-
Свет 06.04.2024 16:28
Поплави и евакуација по обилните дождови во Сиднеј
Сиднеј и околонита под вода откако Австралија ја зафати силен дожд. Издадени се наредба за евакуација во одредени области и предупредувања од нови поплави поради можни излевања на реките чиишто вододостои продолжуваат да се зголемуваат.
-
Свет 06.04.2024 15:10
Пукна брана на реката Урал
Во рускиот град Орск пукна брана на реката Урал. Под закана од поплави над четири илјади домови. Во тек е масовна евакуација на жителите- соопштија локалните служби за итни случаи.
Спасувачите заедно со општинските служби работат на зајакнување на браната и отстранување на напливот.










