Судири меѓу полицијата и демонстрантите за време на антивладиниот собир, во Тирана. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ја растера толпата.
-
Свет 01.03.2026 11:24
-
Свет 01.03.2026 09:32
Иран ја потврди смртта на ајатолахот Али Хамнеи, прогласи 40-дневна жалост во земјата
Иран ја потврди смртта на ајатолахот Али Хамнеи по масовниот американско-израелски напад и прогласи 40-дневна жалост во земјата. Во меѓувреме Иран продолжи со жестоки одмазднички гранатирања. Од изутрината експлозии се слушаат во Доха и Дубаи.
-
Свет 28.02.2026 18:12
САД и Израел го нападнаа Иран, има и жртви
Тензиите ескалираа. САД и Израел го нападнаа Иран. Експлозии на исток и север, вклучувајќи го и Техеран. Со воените удари, регистрирани и масовни кибернапади, иранските власти објавија дека има жртви. Пентагон ја нарече акцијата „Епски бес“.
-
Свет 28.02.2026 12:13
САД и Израел го нападнаа Иран, Техеран возврати
Тензиите ескалираа. САД и Израел го нападнаа Иран. Експлозии на исток и север, вклучувајќи го и Техеран. Првиот удар се случи во близина на канцелариите на врховниот лидер, Ајатолахот Али Хамнеи. Паралелно со воените удари, главните ирански медиуми и апликации претрпеа масовни кибернапади.
-
Свет 28.02.2026 10:09
САД и Израел го нападнаа Иран
САД и Израел го нападнаа Иран. Иранските државни медиуми известуваат за експлозии на исток и на север, вклучувајќи го и Техеран.
-
Свет 27.02.2026 12:53
Бил Клинтон пред Конгресот за случајот Епстин
Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон денеска сведочи пред Конгресот по објавените документи поврзани со Џефри Епстин откако неговата сопруга и поранешна државна секретарка на САД Хилари, го заврши сведочењето по повеќе од шест часа испрашување.
-
Свет 27.02.2026 12:05
Пакистан изврши воздушни напади врз Кабул
Борбите меѓу Авганистан и Пакистан повторно ескалира, доведувајќи до смртоносни судири долж границата. По месеци тензии и спорадични напади, Исламабад објави „отворена војна“ против талибанците, нагласувајќи дека трпението на Пакистан истекло.
-
Свет 27.02.2026 11:02
Иран-САД: Напредок во разговорите, но без договор
Нуклеарните разговори меѓу САД и Иран во Женева завршија без договор, но со значаен напредок, оцени оманскиот медијатор Албусаиди. Ќе продолжат на техничко ниво в понеделник во седиштето на МААЕ во Виена.
-
Свет 27.02.2026 09:39
Продолжуваат мировните преговори меѓу Русија и Украина
Во Женева завршија преговорите меѓу Киев и Вашингтон. Се финализираат безбедносни и економски параметри за претстојниот трилатерален состанок со САД и Русија.
-
Свет 27.02.2026 08:12
Ескалираа судирите меѓу Авганистан и Пакистан
Судирите меѓу Кабул и Исламабад ескалираа. Авганистанската војска изврши одмазднички напади и зазеде десетина гранични пунктови, по пакистанските воздушни удари во кои загинаа најмалку 18 лица.










