Белата куќа негира дека САД побарале продолжување на двонеделното примирје со Иран – кое треба да истече следната недела. Од администрацијата на Трамп велат дека дискусиите околу можна втора рунда мировни преговори со Техеран се тековни и продуктивни.
-
Свет 16.04.2026 10:12
-
Свет 16.04.2026 09:29
Жртви и повредени во напади во Киев и Одеса
Во сенка на војната на Блискиот Исток, продолжува војната во Украина. Жртви и повредени во напад со ракети и беспилотни летала во Киев и во Одеса. Москва нотира напади во руското црноморско пристаниште Туапсе. И двете страни објавија дека меѓу загинатите има и деца.
-
Свет 15.04.2026 20:52
Продолжуваат руските напади, Украина бара нова одбранбена помош
Руските напади засилуваат, додека Украина бара нова одбранбена помош. По договорот со Германија од 4 милијарди евра, Зеленски во Норвешка потпиша договор за воена соработка и производство на дронови.
-
Свет 15.04.2026 20:03
Голем пожар избувна во станбен комплекс во Тирана
Голем пожар избувна во станбен комплекс во Тирана, при што најмалку 11 лица се повредени, меѓу нив и пожарникари. Огнот зафатил дел од зградата и се проширил кон повисоките катови, отежнувајќи ја евакуацијата.
-
Свет 15.04.2026 16:05
Нов бран откажани летови на аеродромот во Франкфурт
По завршувањето на дводневниот штрајк на пилотите, нов бран откажани летови утринава на аеродромот во Франкфурт.
Синдикатот на кабински персонал најави нови штрајкови до крајот на неделата, кои ќе ги погодат летовите на Луфтханза од повеќе германски градови.
-
Свет 15.04.2026 15:34
Србија: Вонредна седница за недоверба на Владата
Во српскиот парламент вонредна седница за гласање недоверба на Владата. Иницијативата ја поднесоа 62 опозициски пратеници поради сомневања за вмешаност на дел од владата во случајот со Генералштабот, како и непостапување на премиерот.
Опозицијата бара политичка одговорност.
-
Свет 15.04.2026 10:27
САД и Иран подготвуваат терен за продолжување на мировните преговори
Вашингтон најавува продолжение на разговорите со Иран во наредните два дена додека американската блокада на пристаништата продолжува. Трамп тврди дека војната е близу до крајот, но дека САД не се повлекуваат.
-
Свет 15.04.2026 08:48
САД: Бури и торнада во Средниот Запад
Силни бури го погодија Средниот Запад на САД, оставајќи штети и повредени, а метеоролозите предупредуваа
-
Свет 15.04.2026 08:45
Русија врши напади, Киев бара одбранбена помош
Руски дронови го погодија Черкаси – едно дете загина, девет лица се повредени. Нападите се засилуваат, додека Киев бара нова одбранбена помош.
-
Свет 15.04.2026 08:20
Трамп најави нови преговори во следните два дена
Вашингтон најавува нови разговори со Иран во наредните два дена, додека американската блокада на пристаништа продолжува по неуспешните преговори во Исламабад. Трамп тврди дека војната е близу до крајот, но САД сè уште не се повлекуваат.










