Израелскиот премиер Нетанјаху го оспори предлогот на Бајден за примирје во Газа велејќи дека е нецелосен. Главен приоритет останува уништувањето на Хамас и враќањето на заложниците.
-
Свет 04.06.2024 09:52
-
Свет 04.06.2024 09:35
Кина со вонредно предупредување за можни поплави
Кинеските власти со вонредно предупредување за можни нови поплави откако делови од земјата беа зафатени од обилни дождови кои создадоа проблеми во неколку региони.
-
Свет 04.06.2024 09:34
Мотивот на Сириецот кој фрли молотов коктел пред израелската амбасада е личен
Романските власти соопштија дека мотивот на уапсениот 34-годишен Сириец кој вчера фрли молотов коктел пред израелската амбасада во Букурешт, е личен и не е поврзан со војната во Појасот Газа.
Во инцидентот немаше жртви ниту пак, беше предизвикана материјална штета.
-
Свет 04.06.2024 09:20
Еден од најактивните вулкани на Хаваи почна да еруптира за првпат по половина век
Килауеа-еден од најактивните вулкани на Хаваи почна да еруптира за првпат по половина век-објави Геолошкиот институт на САД. Властите велат дека вулканската активност се случува во оддалечена локација во националниот парк и засега не претставува непосредна закана за човечките животи и објекти.
-
Свет 04.06.2024 08:54
Земјотрес со јачина од 4,4 степени во Швајцарија
Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Швајцарија, објавено е на веб-страницата на швајцарската сеизмолошка служба.
Земјотресот се случил во 2 часот и 34 минути, а епицентарот бил на длабочина од 10 километри, на 32 километри југоисточно од Цирих.
-
Свет 04.06.2024 08:36
Силно невреме во Кина, предупредување од поплави
Кинеските власти со вонредно предупредување за можни поплави откако делови од земјата беа зафатени од обилни дождови кои веќе создадоа потешкотии во неколку региони.
-
Свет 04.06.2024 08:32
За Нетанјаху предлогот за примирје е нецелосен
Израелскиот премиер Нетанјаху го оспори предлогот на Бајден за примирје во Газа велејќи дека е нецелосен. Главен приоритет останува уништувањето на Хамас и враќањето на заложниците.
-
Свет 04.06.2024 08:13
Жестоки руски напади, има жртви
Руските сили изутрина удрија врз Днепар. Повредени се најмалку 6 лица меѓу кои и бебе. Борбите продолжуваат со несмален интензитет. И Киев и Москва известуваат за акциите во Харков. Украинските сили тврдат дека уништиле мобилна радарска станица на непријателот.
-
Свет 03.06.2024 22:09
Молотов коктел фрлен врз израелската амбасада во Букурешт
На израелската амбасада во Букурешт денеска е фрлен молотов коктел, без штети и жртви, а уапсен е маж со сириско потекло, кој е осомничен за нападот, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
-
Свет 03.06.2024 21:33
Почина ранетиот во престрелката во Минхен
Мажот, кој денеска беше тешко повреден во престрелка во Минхен, почина во болница.
Во голема акција на северот на Минхен, полицијата ја опколи улицата каде е пронајден повредениот и со помош на хеликоптер го пребарува теренот.










