Девет израелски војници се повредени во експлозија во база во јужен Израел-соопшти израелската одбрана додека војската ги продолжува операциите во камповите Буреиџ и Магази во центарот на Газа.
-
Свет 05.06.2024 08:23
-
Свет 04.06.2024 21:45
На аеродромот во Тирана уапсени 16 полицајци
На меѓународниот аеродром во Тирана уапсени 16 припадници на граничната полиција, осомничени дека се вмешани во корупциска шема за илегално префрлање на лица во земјите од Европската унија, објавија албанските медиуми.
-
Свет 04.06.2024 21:27
Бајден ги заострува правилата за добивање азил на границата со Мексико
Бајден привремено ќе ја затвори границата меѓу САД и Мексико за барателите на азил секогаш кога ќе се зголеми бројот на илегални премини на мигранти, соопштуваат од Белата куќа.
-
Свет 04.06.2024 20:52
Австрија на удар на поплавите
На удар на поплавите се најде и Австрија. Изобилните дождови предизвикаа стотици пожарникарски операции во поголемиот дел на земјата, особено е критично во покраината Горна Австрија.
-
Свет 04.06.2024 18:58
Моди прогласи победа на изборите во Индија
Индискиот премиер Нарендра Моди прогласи победа на парламентарните избори, велејќи дека по трет пат народот верува во неговиот Национален демократски сојуз.
-
Свет 04.06.2024 18:20
Германија има најмногу гласачи на изборите за ЕП
Германија има најголем број граѓани кои ќе можат да гласаат на изборите за Европскиот парламент, каде што има и најголем број на оние кои за првпат можат да изберат европратеници.
-
Свет 04.06.2024 13:53
Српската опозицијата бара напуштање на Градското собрание на Белград
И додека власта прогласи победа во речиси сите општини и во градот Белград, Ниш, Нови Сад, Саво Манојловиќ од движењето „Крени-промени“ незадоволен од „изборните малверзации“ во Ниш и Нови Белград ја повика опозицијата да ги врати мандатите и да го напушти Градското собрание на Белград.
-
Свет 04.06.2024 12:39
Војната во Украина добива засилен тек
Како што напредува руската офанзива во приградските населби на Харков, но и на Дњепар, се зголемува бројот на украинските бегалци. Во еден ден 15 илјади очајници од ужасот на војната, што трае речиси две и пол години ја преминаа унгарската граница.
-
Свет 04.06.2024 12:38
Продолжува офанзивата во Газа, за Нетанјаху предлогот за примирје е нецелосен
Израелскиот премиер Нетанјаху го оспори предлогот на Бајден за примирје во Газа велејќи дека е нецелосен. Главен приоритет останува уништувањето на Хамас и враќањето на заложниците.
-
Свет 04.06.2024 11:52
Во авионска несреќа загинаа двајца воени пилоти во Турција
Двајца воени пилоти загинаа во авионска несреќа за време на обука во централна Турција, соопшти денеска турското Министерство за одбрана.
Авионот паднал од засега непознати причини, по полетувањето од воената база Кајсери.










