Американската потпретседателка Камала Харис ќе присуствува на мировниот самит во Украина во Швајцарија, соопшти денеска Белата куќа.
-
Свет 03.06.2024 19:30
-
Свет 03.06.2024 18:54
Пукање во Минхен, напаѓачот во бегство
Најмалку едно лице е рането во престрелката што се случила околу 17 часот во квартот Милбертхофен во Минхен.
Според локалните медиуми, напаѓачот е во бегство. Засега не е познат мотивот за пукањето.
Полицијата го блокира северниот дел на градот.
-
Свет 03.06.2024 18:06
Започна судскиот процес против Хантер Бајден
Судскиот процес на Хантер Бајден започна денеска пред федералниот суд во државата Делавер. Синот на претседателот, Џо Бајден, се соочува со обвиненија поврзани со нелегално поседување огнено оружје.
-
Свет 03.06.2024 14:14
Втора жртва на поплавите во Германија
Втора жртва во поплавите што ја зафатија јужна Германија. Властите издадоа предупредувања дека водостојот на реките би можел и натаму да расте. Поројните дождови доведоа до големи поплави поради кои имаше нарушувања во сообраќајот и прекини железничките линии кон Минхен.
-
Свет 03.06.2024 13:20
Победа на СНС на локалните избори во Србија
По вчерашните избори во 88 градови и општини на Србија и на повторените избори за градот Белград, СНС и СПС освоија мнозинство во речиси сите градови и општини, или како што кажа премиерот Милош Вучевиќ и лидер на СНС, освен во оние општини каде мнозинско население се унгарците или словаците.
-
Свет 03.06.2024 12:06
Клаудија Шеинбаум прва жена претседател на Мексико
Да живее Мексико! 127-милионската нација доби жена за претседател, прва во 200-годишната демократија на земјата.
-
Свет 03.06.2024 11:48
Во Грузија стапи на сила законот за странски агенти
Стапи на сила законот за странски агенти во Грузија. Претседателот на грузискиот парламент го потпиша контроверзниот закон. Околу 30 илјади невладини организации низ земјата се затвораат.
-
Свет 03.06.2024 11:34
Јужна Кореја ќе го суспендира воениот договор со Пјонгјанг поради балоните со ѓубре
Јужнокорејските власти планираат да го суспендираат воениот договор потпишан со Северна Кореја во 2018-та година кој предвидуваше намалување на тензиите меѓу двете земји, како одговор на провокацијата на Северна Кореја која испрати стотици балони со ѓубре преку границата.
-
Свет 03.06.2024 10:39
Од толотен бран во Индија, починаа над 50 лица
Повеќе од 50 лица починаа во Индија во изминатите три дена поради високите температури кои ја зафатија државата, од кои повеќето во саботата, кога се одржа последната фаза од парламентарните избори.
-
Свет 03.06.2024 09:50
Се чека одговор на Израел за примирје
Во исчекување на официјалниот одговор на Израел за предложениот договор на Вашингтон за примирје во Газа, државниот секретар Блинкен на телефонска линија со министерот за одбрана на Тел Авив. Галант потврди дека Израел подготвува алтернатива за владеењето на Хамас низ Појасот.










