Специјалното обвинителство на Косово на 5 јуни соопшти дека се уапсени две лица осомничени за шпионажа.
Во соопштението се наведува дека по повеќемесечна истрага се уапсени двајца косовски државјани.
Специјалното обвинителство на Косово на 5 јуни соопшти дека се уапсени две лица осомничени за шпионажа.
Во соопштението се наведува дека по повеќемесечна истрага се уапсени двајца косовски државјани.
Кандидат за локален совет од партијата Алтернатива за Германија бил нападнат со нож доцна синоќа во градот Баден-Виртемберг, Германија.
Политичарот е повреден, а напаѓачот е уапсен.
Американскиот претседател Бајден објави ограничувања за мигрантите. Привремено ќе се затвори границата со Мексико за барателите на азил. Зошто Белата куќа се реши на ваков чекор? Од Вашингтона се јавува Мартин Николовски од Гласот на Америка.
Зоврива состојбата на Блискиот Исток, од безбедносните закани не се поштедени ниту дипломатските претставништва. Либанската полиција во престрелка застрела и уапси напаѓач пред американската амбасада во Бејрут, станува збор за азилант од сириско потекло.
Бајден објави итни ограничувања за мигрантите и издаде наредба за делумно затворање на процесот на азил по должина на границата со Мексико во обид да ја неутрализира имиграцијата како политичка одговорност пред изборите во ноември.
Три лица со огнено оружје пукале кон американската амбасада во Бејрут, еден припадник на обезбедувањето е ранет.
Локалните медиуми јавуваат дека еден од напаѓачите е убиен, другиот е ранет, а третиот е во бегство. Повредениот напаѓач кој е со сириско потекло е пренесен в болница.
Поранешниот американски претседател Трамп побара од судот во Њујорк да му го укине ограничувањето и да му дозволи јавно да зборува за својот случај откако минатата недела беше прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни документи за прикривање пари.
Девет израелски војници се повредени во експлозија во база во јужен Израел-соопшти израелската одбрана додека војската ги продолжува операциите во камповите Буреиџ и Магази во центарот на Газа.
Индискиот премиер Нарендра Моди ја потврди победата на неговата алијанса, иако првичните резултати од шестнеделните избори покажаа помалку места за неговата партија отколку што се очекуваше.
Борби на истокот на Украина, гранатирање во руските погранични области. Повредени цивили во напад на Дњепар. Далеку од конфликтот, американскиот претседател планира мир според кој Москва никогаш не смее да ја окупира Украина, што не значи членство на Киев во НАТО.