Германски генерал којшто во хотелска соба во Сингапур пристапил на Вебекс платформата преку необезбедена мобилна линија е причината за аферата со германските проектили „таурус“. Доверливите информации биле пресретнати од Русија, потврди шефот на германската одбрана.
-
Свет 05.03.2024 15:13
-
Свет 05.03.2024 12:02
Преговорите за прекин на огнот во Газа прекинати, без резултати
Пропаднаа напорите за прекин на огнот во Појасот Газа до муслиманскиот празник Рамазан. Израел опстои во своите барања Хамас да испрати список со имиња на преживеаните израелски заложници, што до почетокот на преговорите не го доби.
-
Свет 05.03.2024 11:05
Кинески брод се судри со филипински
Судир на кинески и филипински брод во Јужно Кинеско Море. Властите во Манила тврдат дека нивниот брод е оштетен, а четворица членови на екипажот се повредени бидејќи кинеската крајбрежна стража користела водени топови.
-
Свет 05.03.2024 11:01
Украинската војска соопшти дека соборила 18 дронови во јужниот регион Одеса
Украинската противвоздушна одбрана соборила 18 од 22 беспилотни летала лансирани од Русија кон градот Одеса. Според информациите на армијата, нападот бил главно насочен кон станбени и индустриски области на црноморскиот пристаништен град.
-
Свет 05.03.2024 09:58
Од 2030-та ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во угостителството
ЕУ постигна договор за забрана на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството до 2030 година, пренесува Бета-Франс прес.
И натаму ќе биде дозволено пакување од хартија или картон.
-
Свет 05.03.2024 09:26
Стотици експлозии во индустриска локација во Детроит
Стотици експлозии, проследени со пожар во индустриска локација северно од американскиот град Детроит. Полицијата апелираше до локалните жители да се држат настрана од областа.
-
Свет 05.03.2024 09:21
Хаос на Хаити, банди се обидуваат да го заземат главниот меѓународен аеродром
Вооружени членови на банди се обидоа да ја преземат контролата врз главниот меѓународен аеродром на Хаити, разменувајќи оган со полицијата и војската. Ескалацијата следи откако викендов беа нападнати неколку владини институции и ослободени илјадници затвореници.
-
Свет 05.03.2024 09:01
Клучен ден за изборниот процес во САД
Клучен ден за изборниот процес во САД. Денеска гласачите во 15 сојузни држави и една територија надвор од САД ќе избираат кандидати за претседател.
-
Свет 05.03.2024 08:57
Тел Авив со обвинувања дека вработени во УНРВА биле членови на милитантните групи во Газа
Од Тел Авив обвинија дека 450 вработени во УНРВА биле членови на милитантните групи во Појасот Газа. Објавија пресретнати разговори со кои, како што велат, јасно се потврдува вмешаноста на хуманитарците во нападот од 7-ми октомври.
-
Свет 04.03.2024 20:25
Франција стана прва земја во светот која го прогласи абортусот за уставно право
Францускиот Парламент денеска гласаше за впишување на правото на абортус во францускиот Устав. Потребното за ова мнозинство од три петтини беше постигнато на состанокот на двата дома на парламентот во Версај. Против гласаа само 72 пратеници, а „за“ 780.










