Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик за создавање на денешната Европската унија.
Со бројни активности, настани и концерти, денот на Европа се одбележува во сите земји-членки на Унијата.
Европа ја слави годишнината од „Шумановата декларација“, која го даде првиот поттик за создавање на денешната Европската унија.
Со бројни активности, настани и концерти, денот на Европа се одбележува во сите земји-членки на Унијата.
Најмалку три жртви во силното невреме проследено со торнада што ги зафати централниот и југоисточниот дел на САД. Повеќе од 130 илјади домаќинства се без струја во Северна Каролина и Тенеси.
Властите во Мичиген прогласија вонредна состојба, а над 50 луѓе и натаму се под урнатините.
Русија лансирала 20 беспилотни летала кон Одеса, 17 од нив соборени-тврди украинската одбрана возвраќајќи го ударот врз складиште за оружје во Kраснодарск.
Израелските напади во Појасот Газа продолжија. Се уништуваат цели на Хамас во јужниот пограничен град Рафах. Палестинските власти обвинуваат за гранатирање во област каде што не била извршена претходна евакуација на цивилите.
На панаѓур во Куршумлија денеска, околу 13 часот и 30 минути, се откорна метална конструкција од рингишпил при што се повредени 13 деца, од кои три се тешко повредени.
Кениските власти пријавија десетици случаи на колера по неколкунеделни разорни поплави и дождови што ја зафатија земјата.
Берлинската сенаторка за економски прашања Франциска Гифи, од Социјалдемократската партија е повредена во напад во библиотека во германската престолнина. Непознат маж ненадејно со торба почнал да ја удира одзади по главата и потоа избегал.
Претседателот Александар Вучиќ изјави по средбата дека потпишаната заедничка Изјава со кинескиот претседател Си Џинпинг е насока за развој на билатералните односи „од стратешки односи кон највисок облик на соработка – заедница која зборува за заедничката иднина на две земји.
Извршен најголем руски бараж врз Украина со повеќе од 50 ракети и 20 дронови. Сериозно оштетени три термоелектрани. Во регионот на Киев повредени цивили и отштетна инфраструктура. Гранатиран и североисточниот регион Суми.
Британско-шведската фармацевтска компанија „Астра Зенека“ објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека истата може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти. Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија.