Американскиот државен секретар Блинкен отпатува во Бразил на средба со министрите за надворешни работи од Групата 20. Известува Мартин Николовски од „Гласот на Америка“ во Вашингтон.
-
Свет 21.02.2024 17:41
-
Свет 21.02.2024 15:46
САД тврди дека бара екстрадиција на Асанж поради откривање на изворите, не поради политичките ставови
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, e обвинет за откривање на имињата на изворите, а не за неговите политички ставови, тврдат американските адвокати пред судот во Лондон и бараат екстрадиција на 52-годишниот Австралиец.
-
Свет 21.02.2024 11:30
Продолжува рускиот притисок врз Украина
Нови руски воздушни напади во Доњецк. Украинската одбрана тврди дека Русија лансирала 19 дронови и шест проектили. Успеале да пресретнат 13. борбите на фронтот продолжуваат. Стотици украински војници се исчезнати или заробени од руските единици за време на повлекувањето во Авдиевка.
-
Свет 21.02.2024 11:23
По американското вето на резолуцијата на ОН за примирје, Израел продолжи со бомбардирање на Газа
Израел продолжи со жестоки удари врз Газа. Во воздушен напад врз Рафах погодено е возило. Има жртви. Катар бара меѓународната заедница да преземе јасна акција.
-
Свет 21.02.2024 09:58
Асанж во исчекување на одлуката за екстрадиција
Високиот суд во Лондон, денеска ќе ја обелодени одлуката за судбината на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Неговиот правен тим втор ден е во обид да ја оспори одлуката за негова екстрадиција во САД каде што го очекува ново судење за шпионажа за оддавање воени тајни.
-
Свет 21.02.2024 09:41
Жалбата на мајката на Навални пристигна во судот во Салехрад
Градскиот суд Салехард ја прими жалба од мајката на Алексеј Навални за незаконски дејствија и одлуки. Разгледувањето на жалбата закажано за 4-ти март, ќе се одржи зад затворени врати.
-
Свет 21.02.2024 09:12
САД ставија вето на резолуцијата за прекин на огнот во Појасот Газа, Израел продолжува со бомбадирањето
Израел нема да дозволи никаков притисок да ги премисли во намерата за продолжување на војната против Хамас и постигнување на сите цели, ниту пак, договор по секоја цена за ослободување на заложниците.
-
Свет 21.02.2024 09:00
Снежната бура создава проблеми во Кина
Обилниот снег погоди големи делови од северна и централна Кина, откажувајќи и одложувајќи ги возовите и летовите во повеќе градови. Голем број автопатишта се делумно или целосно затворени.
-
Свет 21.02.2024 08:57
Фармерите останаа пред Парламентот во Атина
Мирно и масовно заврши протестот на земјоделците во Грција. Повеќе од 150 трактори останаа паркирани пред Парламентот во Атина. Фармерите бараат од владата уште пониски цени на струјата, но и земјоделската нафта да биде ослободена од данок.
-
Свет 21.02.2024 08:47
Нереди на антивладините протести во Тирана
Нереди на антивладините протести во Тирана. Опозициските демонстранти со молотови коктели и камења ја нападнаа зградата на албанската влада и полицијата, обвинувајќи ги властите за организиран криминал и корупција. Бараат оставка од премиерот Рама.










