Обилниот снег погоди големи делови од северна и централна Кина, откажувајќи и одложувајќи ги возовите и летовите во повеќе градови. Голем број автопатишта се делумно или целосно затворени.
-
Свет 21.02.2024 09:00
-
Свет 21.02.2024 08:57
Фармерите останаа пред Парламентот во Атина
Мирно и масовно заврши протестот на земјоделците во Грција. Повеќе од 150 трактори останаа паркирани пред Парламентот во Атина. Фармерите бараат од владата уште пониски цени на струјата, но и земјоделската нафта да биде ослободена од данок.
-
Свет 21.02.2024 08:47
Нереди на антивладините протести во Тирана
Нереди на антивладините протести во Тирана. Опозициските демонстранти со молотови коктели и камења ја нападнаа зградата на албанската влада и полицијата, обвинувајќи ги властите за организиран криминал и корупција. Бараат оставка од премиерот Рама.
-
Свет 20.02.2024 18:40
Земјотрес во Италија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран на северот на Италија.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил на 23 километри од Парма.
Според првите информации, земјотресот се случил на длабочина од 21 километар.
-
Свет 20.02.2024 14:35
ЕУ се вклучува во заштитата на Црвеното Море, Хутите не се откажуваат од борбата
Поради безбедност на поморскиот сообраќај, на трговијата и за стабилноста на цените на производите, Европската Унија ја почна поморската мисија „Аспидес“, за заштита на товарните бродови во Црвено Море од нападите на Хутите во Јемен.
-
Свет 20.02.2024 14:10
Асанж во нов правен обид против екстрадиција
Асанж ја почнува можеби последната правна битка во Велика Британија за да избегне екстрадиција во САД и ново судење со долги затворски казни за оддавање воени тајни. Неговата сопруга бара можност за фер судење.
-
Свет 20.02.2024 12:40
Руската војска во офанзива, украинскиот отпор слабее
Авдиевка падна, на ред е Купјанск. Руската армија го користи хроничниот недостиг на муниција на украинските оружени сили. Состојбата е драматична, укажа претседателот Зеленски по посетата на линијата на фронтот.
-
Свет 20.02.2024 12:04
ЕУ ќе ги штити товарните бродови во Црвено Море
Во обид да го заштити поморскиот сообраќај, трговијата и стабилноста на цените на производите, Европската унија почна поморска мисија „Аспидес“, за заштита на товарните бродови во Црвено Море од нападите на бунтовниците Хути во Јемен.
-
Свет 20.02.2024 11:08
Зимска бура ја зафати Калифорнија со изобилни врнежи
Уште една зимска бура ја зафати Калифорнија со изобилни врнежи, поплавувајќи ги пистите на регионалниот аеродром. Комерцијалните летови беа откажани, општите воздухопловни операции паузирани. Екипите за спасување интервенирале неколку пати.
-
Свет 20.02.2024 10:49
Светски ден на социјалната правда
Денес во светот се одбележува Денот на социјалната правда. На Генералното собрание на Обединетите нации, одржано во ноември 2007-ма година, со резолуција, 20-ти февруари беше прогласен за Светски ден на социјалната правда.










