По победата во Ајова, триумф и во Њу Хемпшир. Поранешниот американски претседател Трамп се поблизу до освојувањето на републиканската номинација за претседателските избори.
-
Свет 24.01.2024 12:27
-
Свет 24.01.2024 11:37
Северна Кореја истрела крстосувачки ракети
Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети во жолтото море во близина на нејзиниот западен брег, дополнително зголемувајќи ги и онака затегнатите односи. Ова е прво лансирање на вакви ракети од септември минатата година како дел од тактичка вежба за нуклеарен удар.
-
Свет 24.01.2024 11:33
Жртви и повредени по експлозија на камион во Монголија
Шестмина жртви, меѓу кои тројца пожарникари и 11 повредени во експлозија на камион со 60 тони течен природен гас што се случила во главниот град на Монголија, Улан Батор.
-
Свет 24.01.2024 09:52
Голем пожар во кинескиот трговски центар во Нов Белград
Во Кинескиот трговски центар во Нов Белград, кој се наоѓа во блок 70 на улицата Јуриј Гагарин, утрово околу 7 часот избувнал голем пожар.
Во гаснењето на пожарот вклучени се 17 противпожарни возила и 62 пожарникари, како и еден хеликоптер.
-
Свет 24.01.2024 09:49
Гутереш побара итно ослободување на израелските заложници
Израел и Хамас го намалија јазот во преговорите, но за договор ќе биде потребно повеќе време. Остануваат разликите околу решението за траен крај на војната во Газа. Меѓународната заедница го зголемува притисокот за решение со две држави.
-
Свет 24.01.2024 09:08
Столтенберг ја поздрави ратификацијата на членството на Шведска во НАТО во турскиот парламент
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на членството на Шведска во НАТО во турскиот парламент и ја повика Унгарија да го стори истото за скандинавската земја да стане 32-ра членка на Алијансата.
-
Свет 24.01.2024 08:47
Трамп победник на прелиминарните републикански избори во Њу Хемпшир
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните републикански избори за претседателски кандидат што се одржаа во Њу Хемпшир, оствајќи ја зад себе поранешната американска амбасадорка во Обединетите Нации Ники Хејли.
-
Свет 23.01.2024 22:17
Турција ја одобри кандидатурата на Шведска за влез во НАТО
Турскиот парламент денеска го одобри барањето на Шведска за членство во НАТО. Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечен потпис, што се очекува да се случи во наредните неколку дена, по што ќе биде проследено до американскиот Стејт департмент.
-
Свет 23.01.2024 16:52
Земјотресот со јачина од 7,1 степени по Рихтер уништи 120 куќи во Кина
Земјотрес од 7,1 степен го погоди западно-кинескиот регион Шинџијанг. Над 120 куќи се оштетени или урнати, има повредени. Спасувачките екипи се на терен.
Земјотресот бил почувствуван и во Казахстан и Киргистан. Во Алмати, најголемиот казахстански град, се повредени 44 лица.
-
Свет 23.01.2024 16:41
Со посредство на Каиро и Доха во тек се преговори за прекин на огнот во Газа
Во тек се преговори за евентуален прекин на огнот во Газа со посредство на Каиро и Доха, но можностите слабеат со оглед на ескалацијата на нападите, тврдат од катарското МНР.










