Владата на Швајцарија денеска соопшти дека се согласила со барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, земјата да биде домаќин на глобалниот мировен самит за Украина.
-
Свет 15.01.2024 22:14
-
Свет 15.01.2024 21:24
СЗО бара 1,5 милијарди долари за итна здравствена помош во 2024 година
Здравствената агенција на ОН (СЗО) денеска соопшти дека ѝ се потребни 1,5 милијарди долари во 2024 година за спасувачка помош на десетици милиони луѓе заробени во здравствени итни случаи, вклучително и во Украина и Газа.
-
Свет 15.01.2024 20:13
Силен земјотрес го затресе регионот околу Бајкалското Езеро во Русија
Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Русија.
Според податоците на EMSC, земјотресот е регистриран во близина на Бајкалското Езеро, на 74 километри од Курумкан.
Засега нема информации за материјална штета или евентуални жртви.
-
Свет 15.01.2024 14:15
Трамп и републиканските противкандидатите се соочуваат во Ајова
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и републиканските противкандидатите се соочуваат во Ајова, сојузната држава каде што почнуваат партиските прелиминарни избори.
-
Свет 15.01.2024 12:41
Хамас објави видео со израелски заложници со порака до Тел Авив, да запре офанзивата
Сто дена во неизвесност за судбината на киднапираните мажи и жени од Појасот Газа. Хамас емитуваше видеоснимка со израелски заложници како ја повикуваат владата во Тел Авив да ја запре офанзивата и да направи сè да бидат ослободени.
-
Свет 15.01.2024 12:23
Лавата од вулканот ги голта куќите во Гриндавик, нивото на тревога зголемено
Живописното рибарско гратче Гриндавик на Исланд во борба со природата. Вжештената лава по ерупцијата на вулканот веќе ги проголта првите куќи, со потенцијал за натамошни разорувања на областа.
-
Свет 15.01.2024 11:18
20.000 британски војници, воени бродови и авиони ќе учествуваат во вежба на НАТО
20.000 припадници на британската војска, воени бродови, подморници и борбени авиони ќе учествуваат во голема вежба на НАТО. 16.000 британски војници ќе бидат стационирани во источна Европа од февруари до јуни, како и ударна група носачи на авиони, борбени и авиони за набљудување.
-
Свет 15.01.2024 11:04
Нов протест на германските земјоделци
Германските земјоделци на нов протест пред Бранденбуршката порта во Берлин, со барање да се преиспитаат плановите за воведување повисоки даноци за земјоделците. Асоцијацијата на фармери соопшти дека сè уште инсистира на целосно повлекување на владиниот план.
-
Свет 15.01.2024 09:55
Хамас сака да ја прошири војната и на Западниот Брег, тврди израелскиот министер за одбрана
Израелските одбранбени сили продолжуваат со операциите во Појасот Газа од копно, море и од воздух. Главните битки сега се на југ, каде што се привремено сместени речиси два милиона луѓе. Израелскиот министер за одбрана Галант тврди, Хамас сака да ја прошири војната и на Западниот Брег.
-
Свет 14.01.2024 19:16
По ерупцијата на вулканот лавата стигна до првите куќи на градот Гриндавик
Во југозападниот дел на Исланд еруптираше вулкан во близина на рибарскиот град Гриндавик. Сите жители од градот претходно беа евакуирани поради обновената вулканска активност во областа. Локалните медиуми јавуваат дека лавата стигнала до периферијата на градот и ги зафатила првите куќи.










