ЕУ тестира морски коридор за да испорача помош за Газа. Првиот брод од Кипар кон енклавата ќе ја тестира рутата во рамки на иницијативата „Амалтеа“. Претходно и Вашингтон најави изградба на привремено морско пристаниште во Газа што ќе го олесни пристапот на цивилите до помош.
-
Свет 08.03.2024 14:51
-
Свет 08.03.2024 14:32
Жените низ светот излегоа на улиците да ги бараат своите права
На меѓународниот ден на жената илјадници жени излегоа на улиците во Европа, Азија, САД. Сите со идентични пораки до властите, да се поправи нееднаквоста во приходите меѓу мажите и жените и построги казни за сексуални злосторства и злоупотреба.
-
Свет 08.03.2024 11:27
Се продлабочува хуманитарната криза во Газа
На пет месеци од војната на Блискиот Исток, хуманитарната криза сè подлабока. Американската најава за изградба на привремено морско пристаниште во Газа за транспорт на хуманитарна помош влева трошка надеж дека ќе се олесни страдањето на цивилите.
-
Свет 08.03.2024 10:26
227 деца киднапирани во Нигерија
Вооружени напаѓачи киднапираа 227 деца од училиште во нигерискиот град Курига непосредно по почетокот на наставата. Родителите и жителите на градот сметаат дека недоволната безбедност е причина за грабнувањето.
-
Свет 08.03.2024 10:19
МААЕ изгласа резолуција со која се бара Русија да се повлече од нуклеарна централа Запорожје
Меѓународната агенција за атомска енергија изгласа резолуција, со која се бара Русија да се повлече од украинската нуклеарна централа Запорожје.
-
Свет 08.03.2024 10:01
Силен земјотрес во Грција, се почувствувал и во Турција
Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава e ја погоди Грција.
-
Свет 08.03.2024 10:01
Израел ќе продолжи со офанзивата против Хамас
И покрај меѓународниот притисок, Израел ќе продолжи со офанзивата против Хамас, вклучително и во Рафах, изјави премиерот Нетанјаху.
-
Свет 08.03.2024 10:00
Годишно обраќање на Бајден за состојбата на нацијата
Претседателот Џо Бајден проектираше оптимизам во неговото трето обраќање пред Конгресот и пред целата нација. Ги убедуваше Американците дека е вистинскиот човек за работата повикувајќи се на искуството и мудроста наспроти неговиот претходник и сегашен веројатен ривал за функцијата.
-
Свет 08.03.2024 09:40
Артилериски вежби на севернокорејската армија
Севернокорејските државни медиуми објавија нов извештај за лидерот Ким Џонг Ун, кој следи артилериски вежби.
-
Свет 08.03.2024 09:13
Една деценија од мистеријата со исчезнувањето на малезискиот авион
Една деценија од најголемата мистерија во авијацијата. На 8 Март 2014 година исчезна Боинг 777 на Малезија ерлајнс со 239 патници. На воздухопловот му се губи секаква трага 39 минути по полетувањето од Куала Лумпур на пат кон Пекинг. Властите во Малезија најави можност за нова истрага.










