Американски воен авион се урна во водите на источен Медитеран, соопшти европската команда на САД. во соопштението се вели дека авионот се урнал за време на тренинг активности.
-
Свет 12.11.2023 09:23
-
Свет 12.11.2023 09:19
Најмасовни пропалестински протести во Лондон, најмалку 126 лица се уапсени
Најмалку 126 лица се уапсени во протестите во Лондон. Над 300 илјади демонстранти протестираа во британската престолнина како поддршка на палестинците во Газа.
-
Свет 12.11.2023 09:04
Продолжуваат гранатирањата на Газа
Израелските одбранбени сили продолжуваат со гранатирањата на Газа. Во текот на изминатата ноќ се слушаа силни експлозии на хоризонтот на Појасот, додека израелските сили продолжуваат со воена операција во градот Газа.
-
Свет 11.11.2023 17:29
Вонредна состојба во Исланд поради можна вулканска ерупција
Исланд прогласена вонредна состојба. Мерката е воведена по серијата земјотреси, коишто предизвика страв од вулканска ерупција, за која исландската метеоролошка служба вели дека може да се случи во рок од неколку дена.
Жителите на рибарскиот град Гриндавик се евакуирани.
-
Свет 11.11.2023 16:41
ФБИ ги заплени телефоните на градоначалникот на Њујорк, ја истражува соработката со Турција
Агентите на ФБИ заплениле телефони и електронски уреди на градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс. Станува збор за истрага поврзана со финансирањето на неговата кампања и сомнежот за корупција.
-
Свет 11.11.2023 13:53
Хрватскиот министер за одбрана, Баножиќ, повреден во сообраќајна несреќа
Хрватскиот министер за одбрана, Марио Баножиќ изутрина доживеа сообраќајна несреќа, во којашто едно лице го загуби животот.
-
Свет 11.11.2023 13:20
Војната и менталното здравје на украинските војници
Се приближува зимата, на фронталната линија кај Запорожје со украинските војници поради должината на војната работат психолози. Менталното здравје е нарушено и предизвикува моменти на паника.
Левото крило е твое, десното мое. разбра?
-
Свет 11.11.2023 12:45
Интензивни борби меѓу Израел и Хамас во близина на болниците во Газа
Да престане гранатирањето на газа, да престане страдањето на палестинските цивили – францускиот претседател Макрон со јасни пораки до израелскиот премиер Нетанјаху. За Макрон, борбата против тероризмот е легитимна, но убивањето на цивили не може да оправда ниту една цел.
-
Свет 11.11.2023 09:31
Борби со Хамас, загриженост за болниците
Жителите на Газа поминаа уште ноќ во којашто небото беше црвено од воздушните напади на Израел. Тел Авив ги засили нападите да ги елиминира сите милитанти на Хамас, по упадот од 7-ми октомври кога над 1.200 луѓе беа убиени, меѓу кои многу цивили, а имаше и киднапирани.
-
Свет 11.11.2023 09:21
Мишел упати покана до лидерите на ЕУ на средба на која ќе се разговара за стратешката агенда на Унијата
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел упати покана до лидерите на ЕУ на средба на која ќе се разговара за стратешката агенда на Унијата. Побара да се продолжи со дискусии за агендата и приоритетите за следниот институционален циклус, врз основа на состаноците на самитот во Гранада.










