Размерот на катастрофата од поплавите во Либија е шокантен. Според портпаролот на генералниот секретар на ОН, Дујариц, цели населби се избришани од картата, илјадници загинале, десетици илјади се без покрив над главата, а многумина се исчезнати.
-
Свет 15.09.2023 09:49
-
Свет 15.09.2023 09:44
Зеленски: Посебна благодарност до службата за безбедност
Украинскиот претседател Зеленски го поздрави уништувањето на рускиот систем за воздушна одбрана од страна на Украина на анектираниот полуостров Крим.
-
Свет 15.09.2023 09:44
Објавен документ во кој се бара формирање на ЗСО
Советникот на премиерот на Косово, Јетон Зуљфај, на својот „Твитер“ профил, објави документ за кој тврди дека на средбата во Брисел на Вучиќ и Курти им го презентирале посредници во дијалогот, пренесуваат косовски медиуми.
-
Свет 14.09.2023 17:20
Што донесе средбата Путин-Ким?
Ким го поканил Путин да ја посети Северна Кореја. Двете земји ја подигнаа соработката на „ново ниво“. Ким бил информиран за техничките детали за руските вселенски летала, а станало збор и за набавка, трговија со оружје и техничка помош за програмите за оружје меѓу двете земји.
-
Свет 14.09.2023 12:37
Бројот на жртви по поплавите во Либија може да надмине 20 илјади
Масовни гробници во Либија по рекордните поплави. Поради размерот на најсмртоносната катастрофа во поновата историја на оваа северноафриканска земја, властите со црна прогноза, бројот на жртви може да надмине 20 илјади.
-
Свет 14.09.2023 11:10
Нов обид за дијалог меѓу Србија и Косово во Брисел
По четири и пол месеци нов обид за дијалог меѓу Србија и Косово во Брисел.
Според посредникот на ЕУ Лајчак, главна тема на разговорите меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти се барањата за деескалација и нормализација.
-
Свет 14.09.2023 11:07
Обиена архивата на Вишиот суд во Подгорица
Обиено депото на архивот на Вишиот суд во Црна Гора. Непознати лица ископале тунел од стан од соседна зграда, а ѕидот го пробиле со помош на камион. Шест лица се осомничени.
-
Свет 14.09.2023 09:37
Рекордни бројки на мигранти на Лампедуза
Над 5.000 мигранти стигнаа на островот Лампедуза. Во обидот за бегство преку Медитеранот има и жртви откако брод со 46 лица се превртел.
Во вторникот е регистриран рекорден број на пристигнувања, а зголемен е и бројот на случаи со криумчарење на мигранти од Северна Африка.
-
Свет 14.09.2023 09:37
Торнадо предизвика штета на неколку локации во САД
Националната метеоролошка агенција на Бостон објави снимки на кои се гледа торнадо, кое оштетило дрвја и далноводи на Роуд Ајленд и во Конектикат. На овие места е активирана операција за вонредна состојба, временските услови внимателно се следат.
-
Свет 14.09.2023 09:37
Жртви во пожар во станбена зграда во Виетнам
Пожар во деветокатница во Ханој, Виетнам. Повредени се четириесетина лица, а над 50 загинаа.
Многумина се хоспитализирани поради вдишување чад. Во станбената зграда живееле 150 луѓе.










