Трета ноќ по ред во Маракеш по земјотресот луѓето спијат надвор. Војниците и меѓународните хуманитарни тимови со камиони и хеликоптери влегуваат во оддалечените планински градови погодени од историскиот земјотрес. Постојано расте бројот на загинати.
-
Свет 11.09.2023 08:59
-
Свет 10.09.2023 14:32
Лавров: Самитот Г20 „апсолутен успех“
Рускиот министер за надворешни работи Лавров го нарече Самитот на Г-20 во Индија „апсолутен успех“. Во заедничката декларација беше спомената украинската „криза“, но „во контекст на потребата за решавање на сите конфликти што постојат во светот“, нагласи рускиот министер.
-
Свет 10.09.2023 13:04
Над 2.000 загинати во земјотресот во Мароко, се трага по преживеани
„Ѕидот пукна под столбот и сè падна на земја. Избегав заедно со моите деца. Кога слушнав дека мојата сосетка е заробена под урнатините на нејзината куќа, побрзавме да ја спасиме“.
-
Свет 10.09.2023 13:03
Четири лица загинаа, десетици повредени во сообраќајна несреќа во Грција
Четворица загинати и четириесет повредени е мрачниот биланс од тешката сообраќајна несреќа во близина на преминот Евзони на грчко македонската граница.
-
Свет 10.09.2023 09:57
Израел дел од новата железничка и бродска мрежа
Израелскиот премиер Нетанјаху го потврди учеството во новиот план предводен од САД за изградба на бродска и железничка мрежа која се протега од Индија, преку блискиот исток до Европа. Целта на планот е поттикнување на економскиот раст и политичката соработка.
-
Свет 10.09.2023 09:54
Хајаши на средба со Кулеба во Киев
Јапонскиот министер за надворешни работи Хајаши оствари средба со украинскиот министер за надворешни работи Кулеба. Хајаши претходно беше на турнеја по Блискиот Исток и Полска. Ова е негова прва посета на Украина од почетокот на војната.
-
Свет 10.09.2023 09:51
Над 2.000 загинати во разорниот земјотрес што го погоди Мароко
Повеќе од 2.000 луѓе загинаа во силниот земјотрес го погоди Мароко. Планинската провинција Хаузе претрпе значителна штета во земјотресот со јачина од 6,8 степени, најсилниот што ја погодил северноафриканската земја во последните 120 години.
-
Свет 09.09.2023 15:15
Путин гласаше онлајн на локалните избори
Рускиот претседател Путин гласаше преку интернет на локалните избори во земјата. Руските власти оваа недела одржуваат локални избори и во регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, заедно со десетици руски региони кои избираат локални гувернери и законодавци.
-
Свет 09.09.2023 13:22
Обраќање на Трамп на митингот во Јужна Дакота
Поранешниот американски претседател Трамп се обрати на митинг во Јужна Дакота, откако беше поддржан од гувернерката Кристи Ноем. Јужна Дакота одржува доцни прелиминарни избори и не е конкурентна држава за општи избори.
-
Свет 09.09.2023 13:07
Состанокот на Г20 помина во знакот на поддршка на Украина
Состанокот на најмоќните економии во светот, Г20 во Њу Делхи без лидерите на Кина и Русија. Можноста ја искористи американскиот претседател Бајден да притисне за помош на Украина и за инвестицискиот план во странство што и парира на кинеската експанзија.










