Продолжуваат нападите меѓу Киев и Москва. Украинската армија одбила повеќе од 57 напади на руски војници, додека Русија пресретнале шест проектили и соборила 36 украински беспилотни летала.
-
Свет 24.12.2023 09:53
-
Свет 24.12.2023 09:05
Потона познат сплав во Нов Белград, гостите се спасувале скокајќи во Сава
Познат сплав во Нов Белград потона синоќа нешто по полноќ, во време кога на него имало голем број млади луѓе кои следеле музички настап.
Гостите се обиделе да се спасат скокајќи во Сава и пливајќи кон брегот. Властите евакуирале триесетина млади лица, меѓу кои десетина малолетници.
-
Свет 23.12.2023 20:11
САД: Врховниот суд го одложи прашањето за имунитетот на Трамп
Врховниот суд на САД го одби барањето за брза одлука за имунитетот на поранешниот претседател Доналд Трамп. На овој начин се одложува почетокот на судењето, потенцијално до изборите идната година.
-
Свет 23.12.2023 19:26
Грција: Казни од 41,7 милиони евра за пет банки и Асоцијацијата на банки
Комисијата за конкурентност на Грција изрече казни од 41,7 милиони евра на пет банки и Асоцијацијата на банки поради усогласени практики и размена на информации.
-
Свет 23.12.2023 18:12
Се продлабочува кризата по изборните резултати во Србија
Се продлабочува кризата по изборните резултати во градот Белград. Бранимир Несторовиќ од листата „Ние, гласот на народот“ изјави дека решиле оти нема да коалицираат со никого и не поддржуваат никого.
-
Свет 23.12.2023 17:37
Над 700 вработени во „Ербас Атлантик“ затруени со храна на божикна забава
Повеќе од 700 вработени во „Ербас Атлантик“ затруени на божикната забава, соопштија француските здравствени власти.
Вработените во погонот на компанијата за производство на авиони во западна Франција се пожалиле на стомачни проблеми и дијареја по вечерата.
-
Свет 23.12.2023 13:02
„Блага“ резолуција на Советот за безбедност за Газа, Гутереш го обвини Израел дека создава пречки за хуманитарната помош
Советот за безбедност на Обединетите нации го усвои текстот на резолуцијата за Појасот Газа, со која се бара итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава. Генералниот секретар на ООН, Гутереш изјави дека пречка за испораката е израелската офанзива.
-
Свет 23.12.2023 12:23
Чешка тагува: Ден на жалост по масакрот во центарот на Прага
Знамиња на половина копје, црковните камбани го пробиваат тешкиот воздух во Прага. Ден на национална жалост во Чешката Република. Шокот и неверувањето, се претворија во длабока болка и тага поради жртвите по незапамтеното злосторство кое се случи во срцето на историскиот град.
-
Свет 23.12.2023 11:44
Украина соборила три руски суперсонични бомбардери СУ-34
Командантот на украинските воздухопловни сили објави дека Украина соборила три руски суперсонични бомбардери СУ-34 на јужниот фронт.
-
Свет 23.12.2023 10:25
Советот за безбедност ја одобри резолуцијата за хуманитарна помош во Појасот Газа
Советот за безбедност на Обединетите нации го усвои текстот на резолуцијата за Појасот Газа, со која се бара итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава. Генералниот секретар на ООН, Гутереш изјави дека пречка за испорака е израелската офанзива.









