Состојбата со поплавите во Словенија не е подобрена. Многу реки во централна, северна и источна Словенија сè уште се поплавуваат, јавија локалните медиуми. Реката Сава се поплавува во поголеми размери, во долниот тек во наредните часови ќе го достигне својот најголем проток.
-
Свет 05.08.2023 08:34
-
Свет 04.08.2023 22:17
Најмалку тројца загинати во невремето во Словенија
Во Словенија во незапаметеното невреме загинаа двајца Холанѓани поради удар на гром и еден словенечки државјанин во областа Камник. Во повеќе области во тек е евакуација. Регионите Медлог и Шпица во околината на Цеље се речиси целосно поплавени.
-
Свет 04.08.2023 20:47
Загинати и исчезнати при свлечиште на земјиште во одморалиштето Шови
Загинати и исчезнати по лизгање на земјиште во одморалиштето Шови, во Грузија, на 140 километри северозападно од главниот град Тбилиси. Во операциите за пребарување и спасување учествуваат 400 спасувачи и два хеликоптера.
-
Свет 04.08.2023 17:45
Се намалува присуството на полицијата на северот на Косово
Косовската полиција најави дека ќе го намали за 25 насто присуството во и околу општинските објекти на северот на Косово.
-
Свет 04.08.2023 16:30
Товарно летало стигна до вселенската станица на НАСА
Беспилотно товарно вселенско летало стигна до меѓународната вселенска станица два дена откако беше лансирано од постројката Волопс во Вирџинија.
-
Свет 04.08.2023 14:24
Силно невреме во Словенија, се евакуираат илјадници луѓе
Службата за цивилна заштита на Словенија ја вклучи и војската во состојба на готовност поради силното невреме. Рекордните врнежи во текот на ноќта предизвикаа поплави. Активиран е националниот план за заштита и спасување. Се евакуираат илјадници луѓе.
-
Свет 04.08.2023 12:57
Нападнато руското пристаниште Новоросијск
Експлозии во близина на руското пристаниште на Црно Море, Новоросијск. Украина тврди дека извршиле напад со поморски дрон со 450 килограми експлозив врз база на руската морнарица. На бродот имало околу 100 членови, но навреме се евакуирале.
-
Свет 04.08.2023 11:30
Во Словенија војската во состојба на готовност поради најавеното невреме
Службата за цивилна заштита на Словенија, поради најавеното невреме, издаде наредба со која целиот нејзин систем се става во состојба на готовност, вклучувајќи ја и војската. Целта е што побрзо да можат да реагираат и да им помогнат на општините.
-
Свет 04.08.2023 09:57
Воз излета од шини во Њујорк, има повредени
Тринаесет лица се повредени, од кои две посериозно, откако осум вагони од приградски воз излетале од шините во Њујорк.
Несреќата се случила на железничкиот пат Лонг Ајленд, на станицата „Јамајка“ во Квинс. Во моментот на несреќата се превезувале околу 100 патници.
-
Свет 04.08.2023 09:55
Морнари на американската морнарица обвинети за издавање тајни со Кина
Двајца морнари на американската морнарица се уапсени под обвинение за споделување тајни со Кина. Едниот обвинет пренесувал воени информации во замена за пари, а другиот, натурализиран Американец, обвинет е за кражба и продавање информации за националната одбрана.










