Спречен обид за напад на украински дронови врз поморската база во Новоросијак, тврди руското Министерство за одбрана. Во текот на ноќта собориле десет дронови кои целеле на критичната инфраструктура на полуостровот Крим.
-
Свет 04.08.2023 09:54
-
Свет 04.08.2023 09:42
Во Нигер, илјадници демонстранти повторно на улиците
Илјадници демонстранти повторно на улиците во Ниамеј во знак на поддршка за минатонеделниот воен удар. Тие ги осудија западноафриканските земји кои воведоа санкции кон земјата и побараа заминување на странските војници. Делегација на „ЕКОВАС“ пристигна во Нигер во обид да ја реши кризата.
-
Свет 04.08.2023 09:38
Трамп се изјасни за невин по обвиненијата
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се враќа во Њу Џерси, откако во судот во Вашингтон се изјасни за невин по обвинението за заговор за поништување на изборниот резултат во 2020-та година. Кривичната постапка ја нарече „прогон на политички противник“.
-
Свет 03.08.2023 19:13
Јужна Кореја: Десетина лица избодени во случаен напад
Десетина повредени во Јужна Кореја откако маж влета во автомобил во група пешаци, па потоа излегол и со нож ранил случајни минувачи. Инцидентот се случил во близина на метро-станица во центарот на градот Сеонгнам.
-
Свет 03.08.2023 16:48
Се евакуираат европските државјани кои живеат и работат во Нигер
САД и Велика Британија го намалија персоналот на амбасадите во Ниамеј. Стотици странски државјани веќе се евакуирани откако демонстранти ја нападнаа француската амбасада. Нигер е клучен сојузник на Западот во борбата против џихадистичкиот екстремизам во Сахел.
-
Свет 03.08.2023 15:20
Протести пред Врховниот суд на Израел
Протести пред Врховниот суд на Израел, каде што се разгледува петицијата против законот кој го штити израелскиот премиер Нетанјаху од отповикување од функцијата поради судир на интереси во случајот со корупција.
-
Свет 03.08.2023 12:20
Русија и Украина со меѓусебни обвинувања за напади со беспилотни лета
Тричасовна воздушна тревога во украинскиот главен град. Руските сили извршиле напад со беспилотни летала врз Киев. Во гранатирањето на Херсон оштетена е црква, има повредени. Од друга страна, Москва тврди дека собориле шест украински беспилотни летала над регионот Калушка.
-
Свет 03.08.2023 11:51
Трамп денеска официјално ќе биде обвинет за заговор за поништување на изборниот резултат во 2020 година
Судско рочиште во Вашингтон, на кое официјално ќе биде објавено обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, за заговор за поништување на изборниот резултат во 2020-та година.
-
Свет 03.08.2023 10:22
Евакуација на населението во Пекинг по поплавите
Работната група за итни случаи во Пекинг распореди десетици моторни чамци за да ги превезат заробените жители на безбедно, по поплавите во југозападниот дел на градот.
-
Свет 03.08.2023 10:17
Санкциите кон Нигер имаат за цел да ги понижат одбранбените сили на земјата, вели водачот на државниот удар
Санкциите кон Нигер имаат за цел да ги понижат одбранбените и безбедносните сили на земјата, вели водачот на државниот удар. Според него, западноафриканската заедница и монетарна унија сака дополнително да ја ослабне земјата.










