Хаос во косовското Собрание. Опозициски пратеник истури вода врз премиерот Курти додека се обидуваше да одржи говор за состојбата на северот. Интервенираа министри од владиниот кабинет, по што настана физичка пресметка. Летаа тупаници, предмети. Седницата беше прекината.
-
Свет 13.07.2023 16:51
-
Свет 13.07.2023 14:25
Кинески хакери упаднале во системите на поголем број американски владини агенции
Хакери лоцирани во Кина пристапиле до електронската пошта на 25 организации, вклучувајќи ги и владините агенции на САД и Западна Европа, објави „Мајкрософт“. Стејт департментот потврди дека нивниот електронски безбедносен систем бил пробиен.
-
Свет 13.07.2023 14:18
Русија повторно изврши напад на Киев со беспилотни летала
Киев одново нападат од руски беспилотни летала. Во неколку региони прогласена воздушна тревога. Најмалку едно лице загина. Дваесетина дронови од иранско производство се соборени, тврдат украинските воени претставници.
-
Свет 13.07.2023 14:15
Инцидент во косовското Собрание
Инцидент во косовското Собрание откако опозициски пратеник истури вода врз премиерот Курти.
Интервенираа министрите од владиниот кабинет по што настана физичка пресметка. Опозицијата ги критикуваше властите за управувањето на северот од земјата.
-
Свет 13.07.2023 12:07
Зеленски ги поздрави ветувањата за оружје и муниција
Украинскиот претседател Зеленски ги поздрави новите ветувања за оружје и муниција за борба против руската инвазија.но, изрази разочарување поради недостигот на јасен пат за неговата земја да се приклучи на НАТО.
-
Свет 13.07.2023 09:30
Вулкан продолжува да исфрла лава и гасови во Исланд
Лава и гасови излегуваат од вулкан во Исланд четврти ден по ред. Ерупцијата почна во ненаселена долина во близина на главниот град Рејкјавик.
-
Свет 13.07.2023 09:28
Штети низ Чикаго по невремето
Торнадо во близина на меѓународниот аеродром О’Хара во Чикаго. Прекинати се стотици летови, но нема извештаи за повредени. Невремето предизвика штети во областа Чикаго.
Оштетени биле домови, дел од нив со откорнати покриви. Најмалку еден камион бил превртен на автопат.
-
Свет 13.07.2023 09:26
Тајландскиот Парламентот избира премиер
Тајландскиот парламент избра нов премиер. Исходот е далеку од сигурен, иако најпрогресивната партија во земјата освои и гласови од народот и најмногу места во претставничкиот дом на последните избори. Изборите на 14-ти мај се сметаа за голема политичка пресвртница.
-
Свет 13.07.2023 09:11
Двајца хоспитализирани по напад на руски дрон во Киев
Руските сили го нападнаа Киев со беспилотни летала од иранско производство, рано изутрината.
-
Свет 12.07.2023 21:33
Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Кенија
Едно лице загина во последниот од серијата протести во Кенија поради зголемените трошоци за живот. Полицијата во главниот град Најроби, фрлила солзавец кон некои демонстранти кои запалиле гуми и фрлале со камења кон полицијата.










