Конфедерацијата на независни синдикати на Бугарија трет ден на протест, бараат повисоки плати за јавниот сектор.
-
Свет 14.07.2023 13:17
-
Свет 14.07.2023 12:37
Путин: Оружјето од Западот ќе го разгори конфликтот
Приватната воена компанија „Вагнер“ не постои во правна смисла, во Русија нема закон за приватни воени организации. Рускиот претседател потврди дека остварил средба со Пригожин и 35 негови приврзаници, пет дена откако групата се обиде да направи пуч.
-
Свет 14.07.2023 11:54
Обележување на Денот на Бастилја во Франција
Франција го одбележува националниот празник Денот на Бастилја. На парадата учествуваат повеќе од 5.000 луѓе, а повеќе од сто илјади полицајци се распоредени низ целата земјата. Годинашното одбележување е во време на најсериозните немири во државата во последните 20 години.
-
Свет 14.07.2023 09:58
Ставен под контрола пожарот во Шибеник
Пожарот што избувна вчера во близина на Шибеник е ставен под контрола. Значително е подобрена состојба откако противпожарните екипи цела ноќ се бореа со пламените јазици.
-
Свет 14.07.2023 09:53
АСЕАН со порака да се почитува меѓународното право
Во Џакарта стартуваше 13-от состанок на министрите за надворешни работи на самитот на Источна Азија.
-
Свет 14.07.2023 09:46
Путин: Русија го раскинува Црноморскиот договор за жито со Украина
Русија нема да го продолжи Црноморскиот договорот за жито со Украина, кој истекува следниот понеделник, освен ако Западот не ги исполни барањата на Москва.
-
Свет 13.07.2023 20:38
Најмалку 87 лица пронајдени во масовна гробница во Судан
Најмалку 87 тела се пронајдени во масовна гробница во суданската држава Западен Дарфур. Според Обединетите нации постојат докази дека суданските сили за брза поддршка се одговорни за смртта на луѓето.
Од Комесаријатот за човекови права повикаа на брза, темелна и независна истрага.
-
Свет 13.07.2023 17:31
Шумски пожар во близина на Шибеник
Голем шумски пожар во близина на Шибеник. Неколку села се евакуирани. Пет авиони и над 20 противпожарни возила се справуваат со пламените јазици.
Нема информации за повредени.
-
Свет 13.07.2023 16:51
Инцидент во косовското Собрание, пратеник истури вода врз премиерот Курти
Хаос во косовското Собрание. Опозициски пратеник истури вода врз премиерот Курти додека се обидуваше да одржи говор за состојбата на северот. Интервенираа министри од владиниот кабинет, по што настана физичка пресметка. Летаа тупаници, предмети. Седницата беше прекината.
-
Свет 13.07.2023 14:25
Кинески хакери упаднале во системите на поголем број американски владини агенции
Хакери лоцирани во Кина пристапиле до електронската пошта на 25 организации, вклучувајќи ги и владините агенции на САД и Западна Европа, објави „Мајкрософт“. Стејт департментот потврди дека нивниот електронски безбедносен систем бил пробиен.










