Прелиминарните резултати покажуват дека актуелниот претседател на Узбекистан Шавкат Мирзиоев со големо мнозинство освои нов седумгодишен мандат на предвремените избори на кои се соочи со тројца противници.
-
Свет 10.07.2023 12:26
-
Свет 10.07.2023 12:25
Пјонгјанг го осуди пристигнувањето на американската подморница
Пјонгјанг остро го осуди потегот на САД да испратат подморница на атомски погон, опремена со балистички ракети, во водите во близина на Корејскиот Полуостров.
Според севернокорејското Министерството за одбрана овој чекор може да ја предизвика најлошата криза на еден нуклеарен конфликт.
-
Свет 10.07.2023 10:00
Во округот Рокленд прогласена вонредна состојба
Во округот Рокленд, во Њујорк прогласена вонредна состојба поради поплави предизвикани од бура и изобилни дождови. Десетици луѓе се евакуирани.
-
Свет 10.07.2023 10:00
Австралија и испорачува на Германија повеќе од 100 борбени транспортери
Австралија ќе потпише начелен договор за снабдување на германската војска со повеќе од 100 оклопни транспортери Боксер од австралиско производство, изјави австралискиот премиер Ентони Албанезе во Берлин.
-
Свет 10.07.2023 09:57
Лавров со турскиот колега за „деструктивноста“ на Анкара во однос на ситуацијата околу Украина
Шефот на руската дипломатија Лавров во разговорот со турскиот колега Фидан ја истакнал „деструктивноста“ на последните потези на Анкара со испорака на оружје за Украина и ослободувањето на командантите од „Азов“.
-
Свет 10.07.2023 09:57
Бајден пристигна во Лондон на почетокот на својата европска турнеја
Американскиот претседател пристигна во Лондон. На агендата разговори кралот Чарлс Трети за климатските промени и животната средина, а со премиерот Риши Сунак главна тема е војната во Украина.
-
Свет 09.07.2023 19:36
Во Тбилиси демонстранти ја прекинаа Парадата на гордоста
Илјадници демонстранти, со грузиски знамиња и верски симболи, поддржани од православни свештеници упаднаа на Парадата на гордоста во Тбилиси. Толпата палела знамиња со виножито и напаѓала полицајци.
-
Свет 09.07.2023 19:19
Трагедија во Албанија, се удави татко и неговите два малолетни сина
50-годишен маж и неговите два малолетни сина се удавија во Јадранско море на плажата Виле-Баштове кај албанскиот град Кавај.
-
Свет 09.07.2023 18:20
Лавина реакции за изјавата на косовската министерка Гервала која ја нарече ЕУ „хартиен тигар“
Не стивнуваат реакциите откако министерката за надворешни работи на Косово, Доника
-
Свет 09.07.2023 13:44
Израелскиот премиер Нетанјаху им се закани на палестинските милитанти
Израелската влада ќе продолжи да зазема цврст став против палестинските милитанти, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху на состанокот со неговиот кабинет во Ерусалим. Според него, секој што убива Израелци, секој што ќе изврши акти на терор, ќе заврши или во затвор или погребан.










