Се стега обрачот околу Русија. Вашингтон со уште едно потсетување до Пекинг да не и помага на Москва. Американската министерка за финансии по посетата на Кина, истакна дека ги потсетила колегите да не ја поткопуваат поддршката на САД за Украина.
-
Свет 09.07.2023 13:40
-
Свет 09.07.2023 11:45
Гутереш го осуди бомбардирањето во Судан во кое загинаа најмалку 22 лица
Генералниот секретар на Обединетите Нации го осуди вчерашниот воздушен напад во Судан во кој загинаа најмалку 22 лица. Според Гутереш, целосно се кршат хуманитарните и човековите права, на опасен и вознемирувачки начин.
-
Свет 09.07.2023 10:18
Во Украина и натаму загриженост за нуклеарната централа Запорожје
Украинското разузнавање тврди дека руските сили продолжуваат да ја минираат нуклеарната централа
-
Свет 09.07.2023 10:02
Лизгање на земјиште во Кина
Девет лица се водат за исчезнати во централна Кина по лизгање на земјиштето.
Според властите, лизгањето е предизвикано од изобилните дождови, поплави и високи температури низ поголемиот дел од земјата, објави државната телевизија.
-
Свет 09.07.2023 09:55
Се вжештува трката за претседател на САД
Се вжештува претседателската кампања во САД. Поранешниот претседател Доналд Трамп од Лас Вегас со обвинувања до актуелниот американски претседател дека е корумпиран и оти презема милиони долари од земји како Кина и Украина.
-
Свет 09.07.2023 09:53
Американскиот претседател Бајден во посета на Велика Британија, Литванија и Финска
Американскиот претседател Бајден во Европа. Ќе ги посети Велика Британија, Литванија и Финска. Тој вечер ќе пристигне во Лондон, а утре ќе се сретне со кралот Чарлс Трети. Како што е најавено, Бајден на 11-ти и 12-ти јули ќе учествува на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.
-
Свет 08.07.2023 22:07
Мицотакис го помина гласањето доверба во Парламентот
По тридневна расправа Владата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го помина гласањето доверба во Парламентот. Мицотакис го доби апсолутното мнозинство, односно сите 158 гласови од пратениците на „Нова демократија“, додека останатите 142 гласаа против.
-
Свет 08.07.2023 17:34
Екстремисти нападнаа полициска станица во Иран
Екстремисти нападнаа полициска станица во југоисточен Иран на околу 30 километри од границата со Пакистан. Убиени се двајца претставници на безбедносни сили. -
Свет 08.07.2023 17:23
Локализиран шумскиот пожар кај Света Гора
Грчките служби го локализираат големиот пожар што изби во шумовитиот дел на Света Гора. Во акцијата за гаснење на огнот учествуваа канадери, хеликоптер, многу противпожарни возила и пожарникари.
Манастирскиот комплекс не е загрозен.
-
Свет 08.07.2023 16:45
Невреме во Романија
Силно невреме ја зафати Романија. На северот од земјата поплавени се стотици домаќинства од неколку села, На североисток, поројниот дожд ги претвори улиците во езера и поплави неколку патни премини.










