Руските сили нападнаа училиште во Доњецк. Загинаа две лица, а биле повредени шест други.
-
Свет 01.07.2023 16:40
-
Свет 01.07.2023 14:52
Десетици загинати и повредени во сообраќајна несреќа во Кенија
Најмалку 48 лица загинаа, а 30-ина биле повредени синоќа во сообраќајна несреќа на автопат во западна Кенија.
Камион загубил контрола и удрил во други возила и пешаци. Кениските власти изразија сочувство по несреќата. Обилните дождови ги попречуваат спасувачките операции.
-
Свет 01.07.2023 12:31
Франција на раб на вонредна состојба, насилните демонстрации продолжуваат
Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници. Околу 1.000 биле уапсени ширум Франција. Претседателот Макрон е под голем притисок, откако ги повика родителите да ги држат децата од улица и ги обвини социјалните мрежи за поттикнување немири.
-
Свет 01.07.2023 10:04
Истрага за „терористички чин“ откако маж уби две лица на аеродром во Молдавија
За човекот кој смртно застрела двајца безбедносни службеници откако му беше забранет влез во Молдавија на главниот меѓународен аеродром, се води истрага за „терористички чин“.
-
Свет 01.07.2023 10:03
Продолжуваат немирите во Франција по убиството на тинејџерот
Во Париз демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници. Околу 1.000 биле уапсени ширум Франција.
Претседателот Макрон е под голем притисок, откако ги повика родителите да ги држат децата од улица и ги обвини социјалните мрежи за поттикнување немири.
-
Свет 01.07.2023 09:56
Напад на училиште во Доњецк, две лица загинаа
Руските сили нападнаа училиште во Доњецк. Загинаа две лица, а биле повредени шест други.
Во моментот на нападот во училиштето имало десетина луѓе.
-
Свет 01.07.2023 09:55
26-годишнина од враќањето на територијата во Кина
Властите во Хонг Конг одбележаа 26-годишнина од враќањето на територијата во Кина.
Церемонијата почна со кревање на знамето пред Конгресниот центар на пристаништето „Викторија“ по што следел прием.
-
Свет 30.06.2023 20:42
Зеленски нареди зајакнување на границата со Белорусија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди денеска да се зајакне безбедноста на границата со Белорусија поради пристигнувањето на припадниците на паравоената група Вагнер во таа земја.
-
Свет 30.06.2023 19:38
Лајен: За четвртина е намален бројот на илегални имигранти од Западен Балкан
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Брисел изјави дека благодарение на усогласувањето на визната политика со ЕУ, бројот на илегални мигранти од регионот на Западен Балкан е намален за четвртина.
-
Свет 30.06.2023 14:23
Европол: Полицијата откри 6,5 тони кокаин вреден 223 милиони евра
Европол објави дека полицијата открила 6,5 тони кокаин во вредност од 223 милиони евра, скриени во пакувања со банани при три операции во Колумбија и Шпанија и дека во таа прилика биле уапсени 13 лица, соопшти Европол.









