• Свет 28.06.2023 09:35

    Криминална банда киднапирала 14 полицајци во Мексико

    Вооружена банда киднапирала 14 полицајци во јужниот дел на Мексико. На улиците се распоредени голем број полицајци. Во тек е воздушна и копнена операција за нивно лоцирање.

  • Свет 28.06.2023 09:23

    Бурна ноќ по убиството на тинејџер во Франција

    Дваесет лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите во Франција откако полицаец уби 17-годишен тинејџер. Младиот човек по потекло е од Алжир наводно ги прекршил сообраќајните правила. Полицаецот е уапсен, а околностите под кои се случило убиството се нејасни.

  • Свет 28.06.2023 09:21

    Најмалку осум мртви во руски напад на Краматорск

    Најмалку осум луѓе загинаа, од кои три деца кога руски ракети го погодија Краматорск, источна Украина. Погодени се ресторан и трговски центар. Повредени се над 50 луѓе. Спасувачките операции беа привремено прекинати, поради постојаните закани од ракетни напади.

  • Свет 28.06.2023 09:17

    Европска комисија ќе бара суспензија на фондовите за Приштина

    Брисел ќе предложи листа на санкции за властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација во северно Косово, рече генералниот директор на директоратот на ЕК за соседство и преговори за проширување, Јан Герт Копман.

  • Свет 27.06.2023 20:53

    САД со нов пакет воена помош од 500 милиони долари за Украина

    САД ќе ѝ дадат на Украина нов пакет воена помош во вредност од 500 милиони долари, соопшти денеска Пентагон.

    Пентагон ја објави новата помош во знак на поддршка за Киев во време кога Москва сè уште се справува со последиците од бунтот на борците од паравоената група „Вагнер“.

  • Свет 27.06.2023 18:22

    Руските сили повторно го гранатираа Кременчук

    Повторно гранатиран градот Кременчук во централна Украина, на првата годишнина од нападот врз трговскиот центар во тој град.

    Гувернерот на областа Полтава, Дмитро Луњин, изјави дека иако била погодена станбена зграда, нема жртви.

  • Свет 27.06.2023 15:47

    Топол бран го погоди Тексас

    Топол бран го погоди Тексас во последните две недели. Метеоролозите сметаат дека не му се гледа крајот. Променливото време се очекува да се прошири и во јужниот дел на земјата. Оклахома, Арканзас, Луизијана, Алабама, Мисисипи, Њу Мексико и Аризона се под предупредување за прекумерна топлина.

  • Свет 27.06.2023 13:54

    Гори облакодер во Емиратите

    Пожар зафатил станбена кула во Ајман, Обединетите Арапски Емирати. Нема извештаи за повредени. Пожарот е ставен под контрола.

    Од објавените снимки се гледа дека пламенот од едната страна на кулата ги зафатил сите катови.

  • Свет 27.06.2023 11:57

    Седуммина исчезнати и над 900 евакуирани по поплавите во југозападна Кина

    Седуммина исчезнати и над 900 евакуирани по свлечиштата и поплавите на југозападот на Кина, предизвикани од поројните дождови.

  • Свет 27.06.2023 11:50

    Уапсени шестмина Иразелци

    Шестмина Иразелци се уапсени на протестот против владините планови за реформа на правосудниот систем.

    Демонстрантите, организирани од движење на израелските резервисти, се собраа пред домот на министерот за правда Јарив Левин.

Pages