• Свет 06.07.2023 12:06

    Руски ракетен напад врз градот Лавов

    Изутрината Лавов стана сведок на најголемото злосторство од почетокот на руската инвазија врз Украина. Гранатирана е станбена зграда, и тоа додека поголемиот дел од луѓето спиеле. Најмалку четворица се загинати, а десетици повредени, меѓу кои и едно дете.

  • Свет 06.07.2023 08:52

    Жртви и повредени во автобуска несреќа во Миктека

    Најмалку 27 луѓе загинаа, а уште 20 се повредени откако патнички автобус излетал од патот во провалија длабока 25 метри во регионот Миктека, Мексико.

    Според властите, возачот на автобусот очигледно изгубил контрола над возилото поради недостиг на вештина и замор.

  • Свет 06.07.2023 08:50

    Гранатирана станбена зграда во Лавов

    Руски ракетен напад врз станбена зграда во западниот град Лавов. Четворица се загинати, а деветмина повредени, тврди украинскиот министер за внатрешни работи, Клименко.

    „Од експлозијата паднав од каучот. ползевме до вратата на колена. станот го нема, уништен е“, изјави жител.

  • Свет 06.07.2023 08:48

    Почнува гласање за доверба на Влада во Грција

    Само десетина дена по парламентарните избори, во грчкиот парламент почнува тридневна расправа за гласање доверба на владата. На гласањето в сабота ќе му претходи обраќање на премиерот Мицотакис, како и на лидерите на партиите кои ќе ја претстават владината програма.

  • Свет 05.07.2023 17:45

    Бурата „Поли“ зафати делови од Европа и се претвори во ураган

    Летната бура „Поли“ зафати делови од Европа и се претвори во ураган. Силен дожд и ветер ја зафати Холандија и делови од северозападна Германија.

  • Свет 05.07.2023 14:50

    Киев и Кремљ со обвинувања за планови за напад врз нуклеарната централа „Запорожје“

    Светот повторно во страв од можен инцидент врз најголемата нуклеарна централа во Европа, која се наоѓа на украинска територија, но под руска контрола.

  • Свет 05.07.2023 12:55

    Израелски напади врз неколку локации во појасот Газа

    Израелски авиони нападнаа неколку локации во Газа, откако милитантите под контрола на Хамас истрелаа пет ракети кои биле пресретнати. Израелската војска се повлече од кампот Џенин во Западниот Брег, со што заврши дводневна операција во која загинаа 12 Палестинци и еден израелски војник.

  • Свет 05.07.2023 12:39

    Зеленски: Русите поставија експлозиви во Запорожје

    Украинскиот претседател Зеленски рече дека руските сили поставиле експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје. Руски нуклеарен функционер, пак, тврди дека Украина вечерва ќе изврши напад врз централата.

  • Свет 05.07.2023 10:22

    Прво портокалово предупредување за топлина годинава во Шангај

    Шангај издаде прво портокалово предупредување за висока температура годинава. Во 9:00 часот наутро температурата во Шангај била генерално околу 34 степени Целзиусови.

  • Свет 05.07.2023 10:19

    Напади врз локации во Газа

    Израелски авиони нападнаа неколку локации во Газа рано изутрината откако милитантите од Газа, под контрола на Хамас, истрелаа пет ракети кон Израел, за кои израелската војска рече дека биле пресретнати.

Pages