• Свет 27.06.2023 11:50

    Уапсени шестмина Иразелци

    Шестмина Иразелци се уапсени на протестот против владините планови за реформа на правосудниот систем.

    Демонстрантите, организирани од движење на израелските резервисти, се собраа пред домот на министерот за правда Јарив Левин.

  • Свет 27.06.2023 10:11

    Путин им понуди три опции на членовите на „Вагнер“

    „Непријателите на Русија направија погрешна калкулација, патриотскиот дух на граѓаните имаше одлучувачка улога“, порача рускиот претседател Путин во обраќањето до нацијата во коешто му се заблагодари на народот, но и војниците од паравојската „Вагнер“ кои спречиле, како што вели, „братоубиствено

  • Свет 27.06.2023 09:57

    Силно невреме во Централна Индијана

    Силно невреме ја зафати Централна Индијана. Поради торнадо и бура издадени се предупредувања во целиот регион.

    Националната метеоролошка агенција потврди појава на три торнада.

  • Свет 27.06.2023 09:54

    Седуммина уапсени поради заговор за тероризам во Лимасол

    Седум лица се уапсени поради заговор за терористички напад врз израелски цели во Лимасол. Едно лице е во бегство во странство откако успеало да влезе во окупирани турски области во северниот дел од Кипар.

  • Свет 27.06.2023 09:47

    Деескалација и нови избори во Косово, бара ЕУ

    Безусловна деескалација и нови избори – Европската унија ги повтори барањата за косовската криза. Од Белград и Приштина очекува подготвеност за дијалог и нормализација на односите. Во спротивно, Брисел најавува финансиски и политички мерки.

  • Свет 26.06.2023 20:39

    Бајден: Рано е за да се извлечат заклучоци за бунтот на „Вагнер“

    Премногу рано е да се извлекуваат заклучоци по неуспешниот бунт на паравоената група „Вагнер“ во Русија, изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден. Тој нагласи дека е важно западните земји да останат целосно координирани.

  • Свет 26.06.2023 12:43

    Шојгу во инспекција на руските сили во Украина

    Рускиот министер за одбрана Шојгу ги посети војниците во Украина и за прв пат се појави во јавноста по заканите на паравојската Вагнер за бунт против него.

  • Свет 26.06.2023 11:54

    Рација во мигрантски кампови во Србија

    Српската полиција изврши рација до два мигрантски кампа во шумски предел на Кањижа во близина на границата со Унгарија и Романија.

    Конфискувани се две автоматски пушки и муниција. Мигрант од Авганистан е уапсен за поседување оружје и експлозивни средства.

  • Свет 26.06.2023 11:34

    Состанокот на Советот на ЕУ за кризата во Косово

    Кризата во Косово – тема на состанокот на Советот на Европската унија. Пред еден месец, косовските специјалци упаднаа во општинските згради во Звечан, Лепосавич и Зубин Поток, за да им овозможат на албанските градоначалници да почнат со работа.

  • Свет 26.06.2023 09:51

    Полициски час поради насилство меѓу картели во Хондурас

    Националната полиција на Хондурас врши претрес во Колома. Претседателот Кастро прогласи полициски час во делови од земјата каде што убијци платени од нарко-картели усмртија 11 луѓе.

    Пред една недела во вооружена пресметка меѓу ривалски банди настрадаа педесетина затворенички.

Pages