Косово бара од Србија да му ги предаде напаѓачите кои избегале по судирот со косовските полицајци на северот од земјата во кој беа убиени тројца напаѓачи и еден полицаец. Српскиот претседател Вучиќ одговори дека Белград нема ништо со тоа.
-
Свет 26.09.2023 12:32
-
Свет 26.09.2023 11:25
Гватемала: Извлечени тела на жртви во смртоносната поплава
Најмалку шест лица загинаа, а најмалку 12 се водат како исчезнати, меѓу кои 10 малолетни, откако река поплави населба во Гватемала Сити.
Меѓу жртвите има и едно петгодишно дете. Инцидентот се случил откако река загадена со отпадни води ја зафатила населбата под мостот во градот.
-
Свет 26.09.2023 11:19
Украина: Уништено источното село Клишчиивка
Селото Клишчиивка во источна Украина е речиси целосно уништено по неколкумесечни жестоки борби меѓу руските и украинските сили.
Украинската војска соопшти дека ја запленила Клишчиивка од руските трупи на 17-ти септември.
-
Свет 26.09.2023 11:16
Нагорно Карабах: Настрадани во експлозија на бензинска пумпа
Десетици луѓе биле повредени на бензинска пумпа во Нагорно Карабах, пред главниот град на отцепениот регион, Степанакерт, каде што експлодирал резервоар за гориво.
-
Свет 26.09.2023 10:17
Косово: Србија да ги предаде избеганите напаѓачи
Косово побарало од Србија да му ги предаде напаѓачите кои избегале по судирот со косовските полицајци на северот од земјата, во кој беа убиени тројца напаѓачи и еден полицаец.
-
Свет 25.09.2023 14:36
Продолжуваат тензиите на Косово, меѓународниот фактор бара деескалација на кризата
Белград и Приштина да се вратат на решавање на проблемите преку дијалог и да работат на смирување на тензиите во северниот дел на Косово, порака од Брисел. ЕУ го осуди вчерашниот напад врз косовската полиција во Бањска.
-
Свет 25.09.2023 14:29
Илјадници етички Ерменци заминуваат од Нагорно-Карабах
Илјадници етнички Ерменци го напуштија Нагорно-Карабах и заминаа во Ерменија. Миграцијата следи откако Азербејџан воспостави контрола над регионот. Премиерот Пашинјан ја обвини Русија за неуспехот да ја обезбеди ерменската безбедност.
-
Свет 25.09.2023 12:39
Тензично на Косово по убиството на полицаецот
Безбедносната состојба на Косово сè уште тензична откако вчера беше убиен припадник на косовската полиција, а друг ранет во напад од непознати маскирани лица во општина Лепосавиќ. Во Бањска сè уште е забранет влез во селото. Затворени се административните премини Јариње и Брњак.
-
Свет 25.09.2023 12:19
Стефанос Каселакис нов лидер на СИРИЗА
СИРИЗА доби нов лидер. Бизнисменот Стефанос Каселакис освои мнозинство гласови на партиските избори. Противкандидатка Ефи Ахциоглу, освои околу 13.000 гласа помалку.
-
Свет 25.09.2023 12:15
НАСА на земјата успешно донесе примероци од астероидот Бену
Со вчудовидувачка педантност, како во филмовите со глобалните епидемии, се подготвува лабораторијата за тоа што на земјата го донесе „Озирис“, мисијата на НАСА. Од длабоката вселена, на далечина од 2,6 милијарди километри, атерираа остатоците од астероидот Бену.










