Поранешната ученичка, која во училиштето уби шест луѓе детално го испланирала нападот. 28-годишната Одри Хејл е напаѓачката, која усмрти три 9-годишии деца и тројца возрасни во приватното христијанско училиште во Нешвил, Тенеси.
-
Свет 28.03.2023 09:54
-
Свет 28.03.2023 09:54
Руски дронови го нападнаа Киев, леталата соборени
Украинската противвоздушна одбрана тврди дека успеала да собори 12 руски дронови во близина на Киев. Остатоците од дрон паднале во западниот киевски кварт Свјатошино, предизвикувајќи пожар на површина во нестанбена зграда. Според прелиминарните извештаи, нема жртви.
-
Свет 28.03.2023 09:53
Во Бразил тинејџер со нож уби наставничка, петмина повредени
13-годишен ученик од основно училиште во бразилскиот град Сао Пауло со нож ги нападнал своите наставници, при што убил една 71-годишна наставничка и повредил уште петмина, од кои двајца се ученици.
Осомничениот е приведен и е под истрага.
-
Свет 28.03.2023 09:49
Израел: Постигнат договор, судската реформа одложена
Израелската полиција употреби шок бомби и водени топови за да ги растера демонстрантите во Тел Авив за време на протестите против судските реформи, коишто ја предизвикаа најтешката домашна криза во земјата во последните години.
-
Свет 27.03.2023 19:01
Постигнат е договор, одложена е судската реформа во Израел
Израелскиот премиер, Нетанјаху и министерот за внатрешни работи Гвир, постигнаа договор за одложување на судските реформи во Израел до јули.
-
Свет 27.03.2023 15:14
Лавров: Обидитe да се изолира Русија на меѓународната сцена не успеаја
Најавите за распоредување на руско нуклеарно тактичко оружје во Белорусија наидоа на остри реакции од Киев и Запад. Украинските власти сметаат дека Минск е заложник на Москва, додека НАТО нагласи дека руската реторика e опасна и неодговорна.
-
Свет 27.03.2023 11:20
Ситуацијата во Израел сè подраматична, армијата ставена во состојба на готовност
Разрешувањето на израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, ги разгори протестите во земјата. Десетици илјади луѓе излегоа на улиците, по одлуката на премиерот Бенјамин Нетанјаху поради повикот на Галант да запрат судските реформи. Пред домот на премиерот беа поставени блокади.
-
Свет 27.03.2023 10:10
Пукано врз телевизијата „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето
Непознати сторители ноќеска отвориле оган врз „Топ чанел“, најгледаната албанска телевизија, пукајќи со огнено оружје во правец на објектот.
Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) лице од обезбедувањето.
-
Свет 27.03.2023 10:00
Француската премиерка ќе ја прими опозизцијата за да ја смири земјата
Француската премиерка Елизабет Борн ќе ги прими парламентарните групи и политичките партии, вклучително и опозицијата, како и претставници на компаниите за да ја смири земјата. Отворена е и можноста за средба со синдикатите и стопанските организации следната недела, додаде таа.
-
Свет 27.03.2023 09:52
Синдикатите започнаа сеопфатен штрајк во транспортот во Германија
Синдикатите започнаа сеопфатен штрајк во транспортот и повикаа 350.000 вработени да престанат со работа 24 часа. Во меѓувреме, започнува третата рунда преговори меѓу работодавците и вработените во јавниот сектор.









