Киев најави дека најави контраофанзива, а Москва употреба на секакво оружје во одбрана на Крим. Русија и натаму предупредува на можен нуклеарен судир доколку Велика Британија и испрати на Украина муниција со осиромашен ураниум.
-
Свет 25.03.2023 13:38
-
Свет 25.03.2023 12:37
Шолц: Нема причини за грижа за „Дојче Банк“
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека нема причина за грижи за „Дојче Банк“, откако вредноста на нејзините акции нагло паднаа поради стравувањата од банкарска криза, пренесе „Анадолија“. Акциите паднаа за 13 отсто.
-
Свет 25.03.2023 12:30
Невреме и торнадо во Мисисипи, десетици загинати
Десетици лица загинаа во невреме и торнадо во Мисисипи, илјадници луѓе останаа без електрична енергија. Спасувачките екипи на терен во потрага по преживеани.
Невремето зафати региони и во Алабама и Тенеси. Во последното деноноќие се пријавени десетици торнада во овие региони.
-
Свет 25.03.2023 12:24
Макрон повторно предизвика гнев кај французите
Францускиот претседател Макрон повторно предизвика гнев во јавноста, откако за време на телевизиска дебата, кришум под масата го извади скапоцениот часовник додека зборуваше за минималната плата за работниците во земјата.
-
Свет 25.03.2023 09:23
Жртви во експлозија во фабрика за чоколадо во Пенсилванија
Две лица загинаа, а деветмина се водат како исчезнати по експлозија во фабитка за чоколадо во Рединг, Пенсилванија. Хоспитализирани се осуммина.
-
Свет 25.03.2023 09:19
Земјотрес со јачина од 6,5 Рихтери во северниот дел на Авганистан
Земјотрес од 6,5 степени според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Авганистан. Засега нема информации за штети или жртви.
-
Свет 25.03.2023 09:12
Можно апсење на Трамп, полицијата се подготвува за протести
Официјални лица во Њујорк и Вашингтон преземаат безбедносни мерки на претпазливост во случај потенцијалното обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп да доведе до масовни протести.
-
Свет 25.03.2023 09:04
Киев најавува контраофанзива
Киев најави дека наскоро ќе почне контраофанзива, а Москва употреба на секакво оружје во одбрана на Крим. Русија предупредува на потенцијален нуклеарен судир доколку Велика Британија и испрати на Украина муниција со осиромашен ураниум.
-
Свет 24.03.2023 14:05
24 години од бомбардирањето на НАТО
Србија одбележува 24 години од бомбардирањето на НАТО на тогашна Сојузна Република Југославија. Во воздушните напади на 24-ти март 1999 година учествуваа 19 западни земји, а акциите од воздух траеја 78 дена и беа изведени без одобрување од Советот за безбедност при Обединетите нации.
-
Свет 24.03.2023 12:29
По наредба на Бајден извршени воени напади во Сирија
Американската армија изврши повеќе воздушни напади во Сирија врз цели на милитантни групи поддржани од Иран. Белата куќа објави дека тоа било одмазда за претходен напад со беспилотно летало, во кој загина еден, а повредени се неколку припадници на американскиот персонал во воена база.










