Украинската војска тврди дека Русите постигнале одреден напредок во Бахмут на источната линија на фронтот. Кремљ смета дека конфронтацијата со непријателските држави и т.н. „хибридна војна“ која се води од Запад ќе трае долго.
-
Свет 30.03.2023 09:34
-
Свет 30.03.2023 09:32
Чарлс Трети: Обединетото Кралство со поддршка за Украина
Британскиот крал Чарлс Трети на свечената вечера во Берлин изрази поддршка за Украина. Кралот се заблагодари на земјата-домаќин и за прифаќањето на повеќе од еден милион бегалци.
Ова е прва посета на кралот Чарлс Трети во странство.
-
Свет 30.03.2023 09:31
Болсонаро се враќа од САД
Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се враќа од САД прв пат по поразот на претседателските избори и немирите.Тој се соочува истрага можно поттикнување на немирите по инаугурацијата на актуелниот претседател на Бразил, да Силва.
-
Свет 30.03.2023 09:25
Петнаесет демонстранти се врзаа на влезот во Кнесетот
15 демонстранти се врзаа на влезот во Кнесетот. „Место да ги решаваат проблемите, да го обноват образовниот систем, владејачката коалиција врши режимски упад, создава опасни насилни милиции, го отфрла законот што ги штити жените“, наведуваат демонстрантите.
-
Свет 30.03.2023 09:24
Кианг: Азиските земји мора да соработуваат
Кинескиот премиер Ли Кианг се обрати на Боао форумот во Азија, настан организиран од владата за економија и развојни прашања. Порача дека не смеат да се случат хаос и војна зашто во таков случај регионот нема да има иднина.
-
Свет 29.03.2023 14:39
Чарлс Трети во Берлин
Со највисоки почести и силни безбедносни мерки Берлин е домаќин на кралот Чарлс Трети и неговата сопруга Камила. Ова е нивна прва посета во странство по преземање на престолот.
-
Свет 29.03.2023 14:01
Владината коалиција во Германија оствари „пробив“ во споровите
По тридневни преговори со контроверзни дискусии, партиите од германската владина коалиција се договорија за многу спорни точки. Дел од нив се заштитата на климата, железничката мрежа и автопатиштата.
-
Свет 29.03.2023 12:33
САД и Русија го прекинаа споделувањето на информации за нуклеарно оружје
САД и Русија престанаа да споделуваат информации за нуклеарното оружје откако пропадна пактот „Нов СТАРТ“ со кој се ограничува нуклеарниот арсенал на светските велесили.
-
Свет 29.03.2023 12:05
Кралот Чарлс во тридневна посета на Германија
Кралот Чарлс и, кралицата Камила во тридневна посета на Германија, што е прва официјална посета на новиот британски крал.
Целта на посетата е да се покаже дека Европа е дипломатски приоритет за Обединетото Кралство.
-
Свет 29.03.2023 11:07
СЗО ги промени препораките за вакцини против Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) ги промени препораките за вакцини против Ковид-19, сугерирајќи дека високоризичните популации треба да добијат дополнителна доза 12 месеци по последниот бустер.










