• Свет 23.03.2023 11:05

    Усвоен закон за заштита на Нетанјаху

    Израелскиот парламент го усвои првиот, од десетиците закони што ја сочинуваат неговата спорна ревизија на судството, додека демонстрантите кои се противат на промените, продолжија со протестите за да алармираат поради, како што велат, падот на земјата кон автократија.

  • Свет 23.03.2023 10:46

    Во Франција повторно протести поради пензиските реформи

    Синдикатите во Франција за денеска најавија нови протести поради пензиските реформи, први по неодамнешното усвојување на законот за пензиски реформи. Се очекува авиокомпаниите да откажат над 30 насто од летовите и да има прекини и во железничкиот сообраќај.

  • Свет 23.03.2023 09:41

    Самит во Брисел додека борбите се разгоруваат

    Додека се разгоруваат борбите во Украина, во Брисел почнува дводневниот самит на европските лидери за итно зголемување на военото производство и испораки на муниција во Украина. На состанокот преку видеоконференција учествува и претседателот Зеленски.

  • Свет 23.03.2023 09:33

    Прв референдум по 24 години за правата на Абориџините

    Австралиската влада ги откри клучните детали за планираниот референдум со кој на проблематичното домородно население му дава поголем збор за политиките што влијаат на нивните животи.

  • Свет 23.03.2023 09:33

    Силни врнежи и торнадо во јужна Калифорнија

    Вонредната состојба во Калифорнија продолжува поради силните бури што предизвикаа сериозни поплави. Куќите, патиштата и земјоделското земјиште останаа под вода.

  • Свет 23.03.2023 09:00

    Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

    Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погоди Албанија. Епицентарот е регистриран на длабочина од пет километри, на 95 километри од градот Елбасан.

  • Свет 22.03.2023 13:50

    Полициска акција во Тирана, уапсени 20 дилери на дрога

    Во голема полициска акција наречена „Мапа“ 20 лица се уапсени за шверц на дрога, а четири лица се ставени на потерница, изјави директорот на албанската полиција Тонин Вочај.

  • Свет 22.03.2023 13:05

    Бела куќа: Позицијата на Кина не е непристрасна

    Кинескиот лидер Ши Џинпинг замина од Москва, од каде што испрати порака дека со Русија заедно ќе работат на нов светски поредок. Тој уверуваше дека Пекинг ќе задржи непристрасна позиција кон војната во Украина, а заедно со Путин разговарале за кинескиот мировен план.

  • Свет 22.03.2023 10:33

    Најмалку 13 загинати во земјотресот од 6,5 степени

    Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтер во Авганистан и Пакистан.

  • Свет 22.03.2023 10:31

    Руската црноморска флота цел на напади со дронови

    Руската црноморска флота, во раните утрински часови, успешно одби напад со површински беспилотни летала на заливот Севастопол, на Крим. Уништени биле вкупно три беспилотни летала кои се обиделе да влезат во заливот, додека пак воените бродови не се уништени.

Pages