Украинскиот претседател Зеленски во ненајавена, прва посета на Лондон по руската инвазија. Британскиот премиер Сунак вети поддршка, ќе прати тенкови „Челинџер“ и го прошири списокот на санкции против Русија, Киев очекува воена помош.
-
Свет 08.02.2023 19:14
-
Свет 08.02.2023 12:55
Кинескиот балон дел од воената набљудувачка операција
Претставници на американските разузнавачки служби сметаат дека неодамна соборениот кинески балон е дел од обемната програма за надзор што ја води кинеската војска.
Програмата за надзор, која вклучува голем број слични балони е делумно повлечена од кинеската провинција Хаинан.
-
Свет 08.02.2023 12:21
Временските услови ги отежнуваат спасувачките операции, расте црниот биланс на жртви
По 47 часа, Фатма и нејзиниот син безбедно се извлечени под купиштата бетон и метал по земјотресот во Турција од 7,8 степени по Рихтер.
И храбриот тригодишен Ариф Кан по изминати 43 часа под урнатините конечно вдиша чист воздух.
-
Свет 08.02.2023 12:14
Бајден побара единство во Конгресот
Американскиот претседател Бајден во редовниот годишен говор за состојбата во нацијата повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, а се осврна и на темите за војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина.
-
Свет 08.02.2023 10:11
Во погодените места од земјотресот жителите имаат потреба од храна и затоплување
По 47 часа поминати под урнатините, Фатма и нејзиниот син безбедно се извлечени од под купиштата бетон и метал во градот Ајдаман во Турција што беше погоден од силниот земјотрес од 7,8 рихтери.
-
Свет 08.02.2023 10:04
Запленети 3,2 тони кокаин кој пловел низ Пацификот
Властите на Нов Зеланд заплениле над 3 тони кокаин, проценет на 279,5 милиони евра, кој пловел преку Пацификот, најверојатно наменет за Австралија.
Според полицијата ова е една од најголемите заплени на дрога во земјата. Нема уапсени.
-
Свет 08.02.2023 10:03
Бајден: Единство во Конгресот и поддршка за Украина
Американскиот претседател Бајден во редовниот годишен говор за состојбата во нацијата повика на единство во остро поделениот Конгрес, го пофали зголемувањето на работните места, а се осврна и на темите за војната во Украина и стратешката конкуренција со Кина.
-
Свет 08.02.2023 10:02
Русија со закани до амбасадата на САД
Русија побара од американската амбасада во Москва да престане со ширењето на, како што вели, лажни вести за руската воена операција во Украина и се закани дека ќе протера американски дипломати.
-
Свет 08.02.2023 10:02
Одобрени 178 тенкови „Леопард 1“ за Украина
Германската влада одобри испорака на 178 тенкови од моделот „Леопард 1“ од првата генерација, објави Министерството за одбрана на својата мрежна страница.
-
Свет 07.02.2023 19:53
Германија ќе испорача 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина
Германскиот совет за безбедност одобри испорака на 178 тенкови „Леопард 1“ на Украина од индустриските резерви, што е значително повеќе од претходно најавеното, јави денеска „Шпигел“, повикувајќи се на неименуван извор.










